Формула 1 "пушти душа" и потврди дека постигнале Принципелен договор за Џенерал Моторс да влезат како единаесетти тим во Ф1 шампионатот од 2026 година.
Минатата недела Либерти Медиа го потврди заминувањето на Грег Мафеи, актуелниот извршен директор на компанијата, и главен противник на влезот на Андрети. Потег кој веќе сугерираше дека плановите за инкорпорирање на нов тим на Формула 1 гридот за 2026 година би можеле да бидат обновени.
Треба да се напомене дека, иако ФИА даде одобрение за проектот на Андрети, ФОМ ги прекина сите планови со своето одбивање.
Така, проектот на Андрети ќе се преименуван во Џенерал Моторс, по заминувањето на Мајкл Андрети и Мафеи. Од Формула 1 наведуваат дека одржувале дијалог со Џенерал Моторс за одржливоста на ваквиот влез, по комерцијалната евалуација и одлуката донесена од Формула 1 во јануари 2024 година.
Тие веруваат дека во текот на оваа година постигнале оперативни пресвртници и биле убедени во посветеноста на GM/Cadillac да стане 11-ти Ф1 тим и дека GM ќе влезе како добавувач на погонски единици подоцна.
"Со плановите за континуиран раст на Формула 1 во Соединетите Држави, отсекогаш сме верувале дека пречекот на импресивен американски бренд какo нов Ф1 тим и како иден снабдувач на погонски единици може да донесе дополнителна вредност и интерес за Формула 1 шампионатот", се наведува во заедничкото соопштение на двете засегнати страни, кое официјално беше објавено во понеделникот, на 25 ноември.
Мохамед Бен Сулејем, Претседателот на ФИА потврди дека ги поддржува напорите на страните за да може да се постигне целта.
Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1: "Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Со нетрпение очекуваме да го видиме напредокот и растот на оваа апликација, уверени во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни."
Според гореспоменатото, проектот се префрлил да биде повеќе фокусиран на Џенерал Моторс, предводен од Ден Товрис, наместо Мајкл Андрети.
"Среќни сме што соработуваме со Џенерал Моторс за да донесеме динамично присуство во Формула 1. Заедно, составуваме тим од светска класа кој ќе ја отелотвори американската иновација и ќе им понуди незаборавни моменти на љубителите на трките ширум светот. Ја цениме поддршката од ФИА и ФОМ на наше барање и нивно признание за вредноста што можеме да придонесеме за шампионатот."
Исто така, во истото соопштение зборуваше и претседателот на Џенерал Моторс, Марк Ројс: "Како врв на мотоспортот, Ф1 бара иновации и извонредност до крај. ЏМ и Кадилак се почестени да се приклучат и ние сме посветени да го подигнеме нивото на пампионатот."
Џенерал Моторс потврди дека Марио Андрети, последниот американски Ф1 шампион, ќе биде член на бордот на директори и ќе има важна улога во тимот.
Марио Андрети: "Мојата прва љубов беше Формула 1 и сега, 70 години подоцна, Ф1 падокот е сè уште моето среќно место. Апсолутно сум воодушевен од Кадилак, Формула 1, Марк Волтер и Ден Товрис. За да бидам вклучен во оваа фаза од мојот живот, морам да се штипнам за да се уверам дека не сонувам."
Треба да се напомене дека групацијата развива и погонска единица, која би требало да "влезе во игра" од 2028 година, што го прави проектот поцврст. Така, Кадилак веќе го направи тој неопходен чекор напред за да стане првиот нов тим што се приклучил на Формула 1 од 2016 година и единаесеттиот тим на гридот.
Американскиот автомобилски гигант нема бесплатно да влезе во шампионатот! Тие ќе мора да депонираат повеќе од 400 милиони евра за тој влез да биде ефективен.
Сите знаеме дека Формула 1 е иновација, спектакл, емоции, но, пред сè, тоа е бизнис. И, како такви, економските интереси обично преовладуваат над другите фактори.
Затоа често се носат одлуки кои може да изгледаат несфатлифи за Ф1 фановите, како што се случува со патеките на Блискиот Исток.
Сигурно повеќето фанови сакаа да го видат Андрети во Формула 1 како единаесетти тим, надвор од асоцијацијата што дојде подоцна со Џенерал Моторс. Но, една од причините за првичното одбивање беше тоа што тимовите не сакаа да ја изгубат вредноста со доаѓањето на нов тим.
На крајот, Формула 1 се согласи со влезот на Ф1 тимот на Кадилак за 2026 година, кој првично ќе биде како клиентски тим, купувајќи погонска единица, и ќе стане, не пред 2028 година, 100% фабрички тим, со свој мотор.
Без ваков амбициозен план и без голем бренд зад него, денес веројатно немаше да бидеме во ваква ситуација. Но, покрај плановите, за да влезете во Формула 1 како нов тим треба да придонесете и со пари.
Се враќаме на секогаш важниот економски фактор. Станува збор за котизација која се распределува меѓу постојните тимови за да се надомести загубата што ќе ја имаат при распределбата на наградите, кои ќе се делат меѓу 11 тима почнувајќи од 2026 година, а делот ќе биде помал за секој од нив.
Во последниве месеци, па дури и години, се зборуваше дека оваа влезна такса беше одредена на 200 милиони долари, но тој договор истекува на крајот на 2025 година и се очекува бројките значително да се зголемат. Според Би-Би-Си Спорт, Џенерал Моторс ќе мора да плати 450 милиони долари, доколку сака да го материјализира својот влез во Ф1.
Ова е превентивна мерка што може да се избегне со купување на постоечки тим, како што направи Ауди со Заубер, кој исто така доаѓа на гридот во 2026 година. Но, бидејќи немаше тим за продажба, Џенерал Моторс и Андрети мораа да "поместат ридови" за да добијат зелено светло.
Американскиот производител заедно со Андрети сака да биде фабрички тим и веќе работат на тоа да станат. Всушност, Марио Андрети се осмели да одреди датум за тој момент: 2028. Дотогаш мора да бараат добавувач и за тоа јасен фаворит е Ферари.
"Преговараме. Сè уште не е дефинитивно, но тоа е целта и тоа е предност. Мојата историја со Ферари и мојот однос со г-дин Ферари играат многу важна улога. Има многу фактори тука кои имаат многу смисла. Тоа ќе биде најдоброто од двата света."
"Ќе бидеме на гридот во 2026 година. Тимот ќе биде комплетен и оперативен во 2026 година, а Кадилак е дел од него. Датумот да станеме фабрички тим е 2028 година. Тоа е целта и ќе се случи."
Помина повеќе од една година откако семејството Андрети покажа интерес да влезе во Формула 1 како единаесетти тим. За да го направат ова, тие ги здружија силите со американскиот производител и се обидоа да дојдат на гридот преку процесот што ФИА го овозможи тоа.
Но, нивниот обид не вроди со плод и, и покрај тоа што добија зелено светло од меѓународната федерација, ФОМ го отфрлија нивниот проект со оглед дека не дава доволна вредност.
Како што минуваа месеците, Џенерал Моторс стана клучен партнер, но тоа не беше доволно за да се добие зелено светло од ФОМ. И покрај ова, ниту Андрети ниту Џенерал Моторс не се откажаа, тие продолжија да работат и направија некои промени.
Меѓу нив, заминувањето на Мајкл Андрети, кој се откажа од своите акции. Во соопштението на Формула 1, каде што беше објавен договорот со Џенерал Моторс, името на Андрети во ниту еден момент не се појавува, иако неколку минути подоцна американскиот производител објави дека Марио Андрети ќе биде еден од директорите на тимот.
Андрети ќе биде задолжен за производство на шасијата, а Кадилак ќе биде одговорен за погонската единица.
Поранешниот Ф1 возач даде повеќе индиции за неговата улога, која ќе биде слична на онаа што некогаш ја играше Ники Лауда во Мерцедес АМГ.
"Тие се обидоа да го искористат моето искуство и она што го гледам: избор на возачки таленти, па дури и технички таленти. Спортот е моето семејство. Континуирано сум вклучен во многу од тоа и продолжувам со тоа. Jа ценам можноста да бидам дел од многу клучни одлуки."
Останува повеќе од една година кога ќе го видиме единаесеттиот тим на гридот, но на Андрети веќе му е јасен менталитетот што мора да го имаат.
"Секогаш се трудиш да посегнеш по ѕвездите. Од моја гледна точка, тоа oтсекогаш бил мојот пристап, ако не го имаш тој менталитет, никогаш нема да бидеш успешен."
СИТЕ ДЕТАЛИ: ЏЕНЕРАЛ МОТОРС ВЛЕГУВА ВО ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТОТ ОД 2026 ГОДИНА
11/26/2024 10:14:00 PM
0
Share to other apps