ФИА со нова техничка директива, која стапува во сила веднаш, ги дочека тимовите во Лас Вегас.
Станува збор за забрана за монтирање на специјални делови околу дрвениот дел од подот, кои приближно половина од тимовите ги користат за заштита од прекумерно абење.
Главниот проблем на сегашните Ф1 болиди е наоѓање на минималната можна висина на аморизацијата без да се оштети подот од контактите со асфалтот.
Во текот на изминатите три години, тимовите го испробаа секое решение што може да се замисли да ја максимизираат заштитата на дрвениот дел од подвозјето на болидот, експериментирајќи со изолациони плочи и завртки кои имаат одреден клиренс да апсорбираат удари.
Откако Ред Бул поставил прашање до ФИА дали тоа може да се смета дека е во согласност со прописите, тие беа забранети. Од оваа трка, доколку се користат вакви елементи, тимовите ќе бидат дисквалификувани.
Новинарите од германскиот АМуС беа првите кои известија за новата техничка директива на ФИА.
Потоа следеше објава на онлајн изданието The Race во кое се наведува дека некои тимови, Ферари пред се, се обиделе да го одложат воведувањето на новата директива до крајот на сезоната или барем до трката во Катар.
Сепак, ФИА инсистираше на негово итно стапување во сила, бидејќи содржи појаснувања на постоечките документи.
Како резултат на тоа, меѓу тимовите кои мораа да направат промени во дизајнот на подот беа Ферари и, според The Race, Ред Бул, иако токму тие го актуелизираа ова прашање.
Генерално, барем половина од тимовите треба да преземат одредени мерки, иако тоа е само претпоставка. Според АМуС, најмногу засегнати се Ферари, Мерцедес АМГ и Хас.
Формално, сето ова не значи дека ако некој не го смени дизајнот на подот, тогаш таквите болиди автоматски би биле дискваликувани, туку тоа може да се случи само во случај на протест поднесен од еден од ривалите.
Но, се чини дека директивата на ФИА има ефект и сите засегнати ги презедоа потребните мерки.
Дали тоа ќе влијае на рамнотежата на силите или не, се уште не е јасно, иако веќе има сугестии дека Ферари може да се најде во најнеповолна позиција.
Теоретски, SF-24 може да биде многу конкурентен на долгите правци и бавните свиоци на Лас Вегас, но намалувањето на висината на болидот го зголемува ризикот дека нерамните асфалтни површини може да предизвикаат прекумерно абење на подот, што донесува можност за диквалификација.
Сепак, се чини дека во секој случај ваквите промени се прилично мали и, теоретски, не треба да имаат премногу забележлив ефект врз ефикасноста на болидите.
НОВА ТЕХНИЧКА ДИРЕКТИВА НА ФИА, ЛОША ВЕСТ ЗА ФЕРАРИ
11/21/2024 01:48:00 PM
0
Share to other apps