Ландо Норис доби строга казна затоа што не намали при развеано двојно жолто знаме кое беше истакнато на Големата Награда на Катар.
Британецот беше санкциониран со десет секунди "STOP&GО". Одлука на ФИА која особено го налути Мекларен.
Дали има преседани за слична ситуација? Трката во Катар беше особено важен момент од сезоната. Шампионатот за возачи веќе беше одлучен минатата недела во Лас Вегас, но шампионатот кај конструктори е еден од најконкурентните во последните години.
Ферари и Мекларен ќе настапат со сите сили во Абу Даби, особено по губењето на релативно голем број поени од страна на Ландо Норис. Ферари сега заостанува 21 бод зад папаја тимот.
Сепак, ќе биде тешко да се престигне тимот од Вокинг, но можноста останува, каква таква.
Мекларен смета дека имало премногу суровост од страна на стјуардите. Казната десет секунди "STOP&GО" е строга казна, една од најстрогите што можат да ја наметнат стјуардите.
"Во примената на казната, мислам дека се изгуби секакво чувство за пропорција и специфичност", изјави Андреа Стела за Скај Ф1 по трката. "Можеме ли конкретно да го разгледаме прекршувањето, нивото на опасност поврзано со ситуацијата - и, всушност, жолтите знамиња беа отстранети, и потоа да судиме користејќи ги овие елементи, пропорцијата и специфичноста?"
"Наместо само да преземеме каква било акција, од книга веројатно полна со прашина? Од оваа гледна точка, мислам дека ФИА може да го направи тоа подобро."
Прашањето е јасно: Дали е ова праведна санкција или непропорционална?
Имајќи ги предвид неколкуте достапни преседани, стјуардите се кохерентни. Во последните 14 години имало само три слични ситуации.
Кими Раиконен доби ваква казна затоа што не успори како одговор на двојното жолто знаме во Белгија, во 2017. Четири години подоцна, Никита Мазепин и Николас Латифи беа казнети со истата казна во Австрија, откако го сторија истиот прекршок. И на сите им беа додадени три поени во нивната Ф1 лиценца, исто како што му се случи на Норис.
Британецот ја презеде вината за тоа што се случи и јасно стави до знаење дека казната е праведна.
"Секако дека сум разочаран... Јас не сум идиот, ако има двојно жолто знаме, знам дека треба да успорам. Тоа е правило број еден што го учиш во картинг."
"Поради некоја причина, не го направив тоа, затоа што едноставно не ги видов и затоа ги пропуштив или нешто слично. Морам да го прифатам тоа."
ДАЛИ КАЗНАТА ЗА НОРИС БЕШЕ ПРАВЕДНО ИЛИ НЕПРАВЕДНО ИЗРЕЧЕНА?!?
12/02/2024 10:16:00 PM
0
Share to other apps