Хенк Латеган, јужноафрикански возач кој се натпреварува за фабричкиот тим на Тојота, го имаше најдобро време во прологот на релито Дакар, кое започна денеска во Саудиска Арабија.
Тој и неговиот совозач Брет Камингс ја поминаа кратката делница од само 29 километри со Toyota Hilux IMT Evo за 15 минути и 28 секунди. Но, Матијас Екстром, кој оваа година се натпреварува во најновиот теренец на Форд, Raptor, беше само секунда зад нив.
На третото место заврши Насер Ал-Атија, петкратен победник на Дакар, со Дачија Сендрајдер. Себастиен Леб, неговиот тимски колега, кој го вози истиот автомобил, го зазеде шестото место.
Карлос Саинц, кој традиционално важи за еден од фаворитите на Дакар релијата, го имаше 25-тото време, пристигнувајќи на целта со својот Форд Раптор со заостанување од 1 минута и 14 секунди зад лидерот, но оваа првична етапа не влијае премногу на конечниот пласман, а вистинската борба почнува утре.
Како што рече Нани Рома, друг ветеран на ова рели, за кого ова е веќе 28-ми Дакар: "Никој не го добива Дакар во прологот, но можете да изгубите." Рома, како и Саинц, се трка со Форд Раптор за фабричкиот тим на Форд и денеска го имаше 8-то најбрзо време.
Самиот Саинц речиси на ист начин го коментираше денешниот резултат: "На оваа специјална етапа лесно можевте да заработите дупната гума или да направите грешка, и, како што можете да видите, ние денеска возевме многу внимателно."
Вреди да се спомене Австралиецот Тоби Прајс, кој оваа година дебитираше во класата SSV со Toyota Hilux Overdrive, а во претходните изданија на Дакар релито се прослави по својот успех на мотоциклите KTM, категорија каде двапати беше на врвот, во 2016 и 2019 година.
Денеска тој заврши 11-ти, што не е лошо за дебитант. Пред неколку дена организаторите на Трката на шампионите објавија дека Прајс ќе учествува на неа, особено што во 2025 година таа ќе биде одржана за прв пат во неговата родна Австралија.
Меѓу неговите поранешни пријатели и ривали во категоријата на две тркала, најбрз беше Дејвид Сандерс, сонародникот на Прајс, кој исто така важи и за негов ученик. Сандерс вози КТМ мотоцикл за фабричкиот тим на австрискиот производител, исто како и неговиот ментор.
Но, кај мотоциклите имаме и прва загуба, индиецот, Харит Ноа, за кого веќе пишувавме, се повреди веќе на прологот. Заработи скршен зглоб, кој веќе беше опериран, но останува надвор од понатамошниот тек на релито.
АВТОМОБИЛИ
1
211
ХЕНК ЛАТЕГАН
БРЕТ КАМИНГС
TOYOTA GAZOO RACING
2
226
МАТИЈАС ЕКТРОМ
ЕМИЛ БЕРГКВИСТ
FORD M-SPORT
+ 00.01
3
200
НАСЕР АЛ-АТИЈА
ЕДУАР БУЛАНЖЕР
THE DACIA SANDRIDERS
+ 00.20
4
210
РОКАС БАЦЈУШКА
ОРИОЛ МЕНА
OVERDRIVE RACING
+ 00.21
5
240
ЖОАО ФЕРЕИРА
ФИЛИП ПАЛМЕИРО
X-RAID MINI JCW TEAM
+ 00.26
6
214
БРАЈАН БАРАГВАНАТ
ЛЕОНАРД КРЕМЕР
CENTURY RACING FACTORY TEAM
+ 00.30
7
219
СЕБАСТИЕН ЛЕБ
ФАБИЈАН ЛУРКИН
THE DACIA SANDRIDERS
+ 00.33
8
203
ЛУКАС МОРАЕС
АРМАН МОНЛЕОН
TOYOTA GAZOO RACING
+ 00.35
9
227
НАНИ РОМА
АЛЕКС ХАРО
FORD M-SPORT
+ 00.35
10
218
САОД ВАРЈАВА
ФРАНСОА КАЗАЛЕ
TOYOTA GAZOO RACING
+ 00.41
МОТОРИ
1
4
ДАНИЕЛ САНДЕРС
RED BULL KTM FACTORY RACING
2
1
РОС
БРЕНЧ
HERO MOTOSPORT TEAM RALLY
+ 00.12
3
73
ЕДГАР КАНЕ
RED BULL KTM FACTORY RACING
+ 00.12
4
9
РИКИ БРАБЕК
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 00.18
5
68
ТОША ШАРAJНА
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 00.25
6
7
ПАБЛО КВИНТАНИLА
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 00.27
7
77
ЛУСИЈАНО БЕНАВИДЕС
RED BULL KTM FACTORY RACING
+ 00.40
8
42
АДРИЕН ВАН БЕВЕРЕН
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 00.41
9
22
МАЈКЛ ДОЧЕРТИ
BAS WORLD KTM RACING TEAM
+ 00.47
10
10
СКАЈЛЕР ХОУВС
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 00.52
СТАРТ НА 2025 ДАКАР РЕЛИТО
1/03/2025 09:52:00 PM
0
Tags
Share to other apps