Тимот на Ред Бул, вторник вечерта во Токио, го презентираше специјалното обојување на своите болиди за Големата Награда на Јапонија и првиот настан од серијалот REBL Car Culture Meet.
Оддавајќи им почит на Хонда и јапонскиот мотокор, познатиот Honda NSX од 90-тите, беше обоен во идентичен дизајн со RB21, беше прикажан заедно со изложбениот болид на Ред Бул, за гламурозна презентација на обојувањето кое тимот ќе го користи во Јапонија за 2025 година.
Во родниот град, присутен беше и локалниот херој, Јуки Цунода, кој помогна во презентацијата на обојувањето и славејќи го духот на јапонската автомобилска култура.
Јуки, исто така, помогна во презентацијата на најновата тимска облека во ограничено издание, која е настаната во соработка помеѓу Ред Бул, јапонскиот бренд за улична облека Neighborhood и Хонда.
Настанот ги отелотвори автентичните врски на автомобилската култура со Формула 1 и Тимот ги покани ентузијастите и нивните автомобили од целиот град за да се состанат на автентична локација во центарот на Токио.
Обојувањето на Ред Бул со ознака RB21 JPN Spec е во чест на едно од најуспешните партнерства во историјата помеѓу Ред Бул и Хонда и е инспириран од првата победа на Honda RA272 во врвниот мотоспорт.
Оваа сезона ја одбележува 60-годишнината од првата победа на Хонда во Формула 1, а дизајнерскиот концепт е во чест на RA272, кој и ја донесе на Хонда инаугуративната победа во 1965 година на Големата Награда на Мексико, со Американецот Ричи Гинтер зад воланот на болидот со бројот 11.
Обојувањето го рекреира иконскиот мотив на јапонското знаме на RA272, со логото Х на носот и едноставното лого на Хонда на задниот дел од каросеријата.
Специјално лого во знак на сеќавање на 60 години од првата победа на Хонда во Ф1, исто така, ќе биде прикажано на сите четири болиди на Ред Бул на гридот.
Ова ќе биде втор пат Ред Бул да се трка во бело во чест на Хонда, тимот забележа двоен пласман на подиумот на Големата Награда на Турција во 2021 година во специјалното обојување, кое голем број фанови посакуваа да го видат повторно.
Во среда, низ улиците на Токио, четворицата актуелни возачи на Ред Бул, Макс Ферстапен, Цунода, Новозеланѓанецот Лиам Лосон и дебитантот Исак Хаџар ќе ги возат Хонда RA272, RB16B со кој Ферстапен ја освои својата прва шампионска титула, придвижуван од Хонда ПЕ и два шампионски RB7 болиди.
Во Сузука, во бело нема да биде само RB21, бидејќи спонзорот Castore произведе соодветно, ограничено издание на бело, црвена и црна облека, која ќе ја носи целиот тим во Јапонија, вклучувајќи го и најбрзиот пит екипаж во Ф1.
Ферстапен и Цунода ќе носат Спарко бели, црвени и црни тркачки комбинезони и кациги со специјален дизајн не неделната трка.
НОВ ВОЗАЧ И НОВ ИЗГЛЕД ЗА СУЗУКА
4/01/2025 11:34:00 PM
2 minute read
0
Share to other apps