Ферари претстави еднократен изглед на нивниот болид, развиен во соработка со HP, главниот спонзор на тимот, и темпиран да се совпадне со Големата Награда на Мајами.
Дизајнот на SF-25 содржи повеќе елементи од небесно сина и бела боја, кои генерално добро се комбинираат со црвената боја. Нешто со што не се согласуваат Ф1 фановите ширум светот.
На презентацијата присуствуваа возачите Чарлс Леклер и Луис Хамилтон, кои ја отстранија традиционалната покривка од болидот, која овој пат беше бела, и сè се одвиваше во присуство на претставници на менаџментот на Ферари.
Инженерите на Ферари во Маранело и инженерите на HP во центарот на компанијата во Барселона работеле заедно на овој проект, и на крајот било одлучено да се користат иновативни технологии.
Одредени делови на каросеријата на болидот се покриени со специјална фолија, која е 14% полесна од онаа што се користеше минатата година, 17% потенка со зголемена термичка отпорност.
Фолијата не содржи ПВЦ, целосно е рециклирана и се нанесува со користење на најновата генерација латекс технологија на HP.
Возачите на Ферари ќе имаат сино-бели тркачки комбинезони на Големата Награда на Мајами. Со ова тимот сакаше да ја истакне првата година од соработката со HP и, како што истакнуваат во соопштението, да се прослави тоа партнерство.
Фред Васер, од спортска страна, рече дека сака да го задржи моментумот што го имаат од Големата Награда на Бахреин.
"По неколку дена во Маранело анализирајќи ги податоците добиени од првата тројна серија на трки, подготвени сме да се вратиме на патеката во Мајами. Во многу погледи, ова е единствена трка за нас, а овој викенд во Флорида ќе ја прославиме и првата годишнина од нашата соработка со главниот спонзор HP."
"Ова е втор Спринт викенд во сезоната и темелно се подготвувавме во фабриката за едната тренинг сесија, пред директно да се вклучиме во спринт квалификациите и саботниот Спринт."
"Ова значи дека работата во симулаторот и за време на брифинзите е уште поважна од вообичаеното. Сакаме да продолжиме да ги подобруваме перформансите на SF-25, охрабрени од добриот напредок забележан за време на трките во Бахреин и Џеда."
ТРАДИЦИЈА: НОВ HP ИМИЏ НА ФЕРАРИ ВО МАЈАМИ
5/01/2025 11:37:00 AM
0
Share to other apps









































