Заубер е подготвен да привлече внимание на Големата Награда на Мајами со впечатлив дизајн инспириран од живописната уметничка сцена на Мајами.
На C45 ќе доминира неонско зелена боја што ги обвиткува неговите облини, создавајќи чувство на длабочина и возбуда. Дизајнот, развиен во партнерство со главниот спонзор на тимот, Stake, го евоцира чувството на свежо нанесена боја, како уметник кој штотуку го завршил своето ремек-дело, моменти пред болидот да излезе на патеката.
Овој изглед нема да биде аплициран само на болидите на тимот. Нико Хулкенберг и Габриел Бортолето, ќе носат тркачки комбинезони што ја одразуваат динамичната тема на модерната уметност на болидот. Дизајнот инспириран од Мајами ќе биде претставен и низ целата гаража на тимот.
Големата награда на Мајами ветува дека ќе биде визуелен спектакл, со нов и живописен изглед на многу од тимовите присутни на патеката и кај фановите ширум светот.
ЗАУБЕР СО НОВ МАЈАМИ ИЗГЛЕД
4/30/2025 08:58:00 PM
0
Share to other apps









