Формула 1 тимот на Рејсинг Булс го презентираше уникатниот и еднократен изглед за Големата Награда на Мајами.
Дизајнот на VCARB 02 ја слави динамичната енергија на новата сезона и промовирањето на новиот производ во понуда на Ред Бул - Summer Edition White Peach.
Новиот изглед беше официјално претставен во клубот Joia Beach на островот Jungle. Во вистински летен стил, гостите на настанот се собраа покрај брегот за да го видат новиот дизајн на VCARB 02.
Новата шема на бои спојува светли тропски тонови со елегантни аеродинамични линии, доловувајќи го духот на Мајами и претстојниот тркачки викенд.
Лиам Лосон и Исак Хаџар ќе имаат прилагодените тркачки комбинезони кои ќе бидат комплементарни со пембе тоновите кои овој викенд ќе ја трансформираат гаражата на Рејсинг Булс.
ПЕМБЕ ОБОЈУВАЊЕ ЗА БОЛИДИТЕ НА РЕЈСИНГ БУЛС
5/01/2025 01:48:00 PM
0
Share to other apps

































