Џорџ Расел ќе статува од Пол позицијата на Големата Награда на Канада. Ова беше негова прва Пол позиција за оваа сезона, втора последователна во Канада и шеста во неговата кариера.
На првиот стартен ред друштво ќе му прави Макс Ферстапен, Пјастри и Антонели на вториот, а Хамилтон и Алонсо на третиот.
Ландо Норис Чарлс Леклер имаа уште една сабота за заборавање, со грешки по кој знае кој пат, но засега оваа сезона во предност е британецот во Мекларен.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 20:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Квалификациите во Канада се секогаш интересни, па така и денес гледавме тесна битка за Пол позицијата, и сè беше одлучено за стотинки, и беше потребно да се преземат поголеми ризици од потребното.
Пол позицијата не е толку важна за патеките каде има можности за престигнување, но статистиката за Големата Награда на Канада вели дека во седум од последните десет трки победникот е возачот кој бил најбрз во квалификациите.
Условите на патеката се подобрија како што одминуваше викендот, а и возачите се повеќе веруваа во своите болиди. Џорџ Расел го имаше најбрзото време во петокот, додека Норис беше најбрз на саботниот тренинг.
Пирели традиционално ги донесе најмеките смеши C4, C5 и C6 како бели, жолти и црвени. Новата, C6 смеша за оваа година, беше сериозно критикувана, бидејќи обезбедува подобар грип, но не ја обезбедува стабилноста на C5 смешата, која беше најмека во минатата година. Стабилноста е многу важна на патека опкружена со блиски заштитни бариери.
Гасли, Колапинто, Антонели и Алонсо ја започнаа Q1 сесијата со жолти гуми, а останатите со црвени. Возачите работеа во серија кругови, наизменично возејќи брзи и бавни, дозволувајќи им на гумите да се изладат.
Берман и Хамилтон ја пресекоа втората кривина и минаа низ тревата, а Пјастри го постави најбрзото време во првиот обид од 1:12.332. Во вториот круг, брзините постепено се зголемуваа. Прво, Ферстапен возеше побрзо, 1:12.273, потоа Алонсо, 1:12.239.
Капакот над моторот на болидот на Албон се сруши како кула од карти на правецот, покривајќи ја патеката со остатоци од карбон, по што сесијата беше стопирана на пет и пол минути до крајот.
По рестартирањето, само возачите на Астон Мартин останаа на жолтите гуми. Ландо Норис го имаше најбрзото време, една десетинка пред Пјастри.
Бортолето, Саинц Јр., кој беше блокиран од Хаџар во последниот брз круг, Строл, Лосон и Гасли испаднаа од понатамошниот тек на квалификациите.
Со почетокот на Q2 сесијата, дилемата дали жолтите гуми се побрзи од црвените во еден круг остана на сила.
Макс Ферстапен беше единствениот возач, кој се реши да ги испроба жолтите гуми во првата серија на брзи кругови и го постави најбрзото време од 1:11.638. Возачите на Мекларен на црвени, беа најблиски конкуренти, но не успеаја да го подобрат времето на Холанѓанецот.
За втората сесија се очекуваше повеќе возачи да излезат на патеката на жолтите гуми. Прв на нив се обиде Алекс Албон, но Чарлс Леклер беше првиот возач кој за 12 илјадитинки го подобри времето на Макс, на црвени пневматици.
Јуки Цунода, кој веќе имаше казна од десет места за престигнување под црвено знаме на третиот тренинг, беше во потрага на што подобар пласман со оглед дека седи зад воланот на Ред Бул, но не можеше повеќе од П11, кое ќе биде конвертирано во П20 за трката.
Франко Колапинто финишираше со дванаесеттото најбрзо време, но ќе стартува десетти, по казните на Цунода и Хаџар. Следуваа Нико Хулкенберг и двацата возачи на Хас. Џорџ Расел го имаше најбрзото време на жолтите пневматици.
Во првата серија на брзи круга од финалната Q3 сесија, битката се одвиваше на црвените гуми.
Макс Ферстапен го имаше најбрзото време со 1:11.248, победувајќи го Оскар Пјастри за 25 илјадитинки, двата возачи на Мерцедес АМГ и донекаде непредвидливиот Норис кој успеа да стигне само до петтата позицја.
Алонсо ги подели возачите на Ферари во овој првичен обид, забележувајќи го седмото најбрзо време. Хаџар и Албон беа далеку поназад.
Секако, тоа не беше крај, а поредокот на најбрзите десет возачи требаше да се дознае по втората серија на брзи круга, во која ниту Норис ниту Леклер не можеа да се подобрат, и ќе платат висока цена за тоа.
Пјастри беше првиот што се најде на врвот, но кратко потоа, Ферстапен, користејќи жолти пневматици, го направи истото. Кога сите мислеа дека тоа ќе биде првиот стартен ред, со тоа не се согласи Расел, кој го победи времето на Макс и ја освои својата втора последователна пол позиција во Канада.
Жолтите гуми се покажаа како одлични во последните моменти, а Џорџ повторно блесна со фантастично време. Ферстапен беше втор, Пјастри трет, а Андреа Кими Антонели обезбеди одлична четврта позиција, исто така возејќи жолти гуми во својот Q3 круг.
На третиот ред ќе бидат двајца шампиони, со Луис Хамилтон на петтата и Алонсо на шестата позиција. Норис мораше да се задоволи со седмото место, пред Леклер, кој заврши осми.
Исак Хаџар заврши деветти, но со казната од три позиции, заради блокирање на Саинц Јр. во Q1 сесијата, ќе се пресли на П12. Алекс Албон ќе се позиционира на деветтата позиција, откако се квалификуваше како десетти.
ЏОРЏ РАСЕЛ ГО ПОКОРИ МОНТРЕАЛ, ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД
6/14/2025 08:56:00 PM
0
Share to other apps