Луис Хамилтон беше најбрзиот возач на првиот тренинг за Големата Награда на Британија, и по прв пат за оваа сезна се најде на врвот на табелата на својот домашен терен во Силверстоун.
Повторно ја подгреа надежта на своите фанови да сонуваат за нешто повеќе до крајот на тековниот викенд. Тој беше побрз од двата возачи на Мекларен и Чарлс Леклер.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРЕНИНГ 2, 17:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
На првата тренинг сесија во Силверстоун видивме двајца нови учесници. Арвид Линдблад, 17, го имаше своето официјално деби во Формула 1 на домашната трка со Ред Бул, заедно со Макс Ферстапен.
Пол Арон, позајмен од Алпин, беше другиот возач кој го имаше своето деби, возејќи го Зауберот на Нико Хулкенберг.
Астон Мартин ги тестираше последните надградби на својот болид за оваа сезона. За разлика од Имола, сега новите делови беа монтирани само на болидот на Алонсо. Овој пат, Ленс Строл ја користеше старата спецификација со јасна намера да се споредат податоците од двата пакети и да се проценат разликите во перформансите.
На почетокот од сесијата, сите возачи користеа жолти гуми, освен тие на Астон Мартин и Вилијамс. Четворица излегоа на бели гуми, гуми кои можат да бидат од големо значење на неделната трка, особено затоа што Пирели се одлучи да номинира помеки смеши: C2, C3 и C4.
Резултатите од првата тренинг сесија секогаш треба да се земат со резерва, особено во првата половина. Рејсинг Булс водеа, сите знаци укажуваат на патека што ќе биде добра за нив, со Исак Хаџар прв и Лиам Лосон трет.
Разлика од околу половина секунда, или малку повеќе, беше забележана помеѓу жолтите и црвените гуми кога возачите ја поставија најмеката смеша.
На врвот од табелата, возачите на Мекларен и Ферари наизменично се менуваа на овие позиции и беа одвоени само за две десетинки. Хамилтон беше најбрзиот возач при најбрзите кругови.
Во последните 15 минути тимовите се вратија на подолги стинтови, за да се добие појасна слика за најдобрите поставки за неделната трка.
Ова го остави Хамилтон на врвот на табелата, 23 илјадити делови од секундата пред Ландо Норис, со Оскар Пјастри трет и Леклер четврти, две десетинки зад него.
Петтото место му припадна на Џорџ Расел, не многу далеку зад возачите на Мекларен и Ферари.
Хаџар беше најдобар во средната на поредокот, откако претходно водеше во сесијата со жолтите гуми. Тој заврши шести, веднаш пред Алекс Албон со Вилијамс, кој го заврши кругот малку подоцна од останатите.
Лосон беше осми, а Кими Антонели деветти и Макс Ферстапен десетти, половина секунда зад Хамилтон.
Акцијата ќе продолжи со втората тренинг сесија закажана за 17 часот по Македонско време.
ХАМИЛТОН ГИ ПОДГРЕА НАДЕЖИТЕ НА СВОИТЕ ФАНОВИ
7/04/2025 01:12:00 PM
0
Share to other apps



