Британецот ги победи Чарлс Леклер за две десетинки, Луис Хамилтон за три десетинки, а Оскар Пјастри и Макс Верстапен за речиси половина секунда.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРЕНИНГ 3, 12:30 МК, И ПОДОЦНА КВАЛИФИКАЦИИ, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По првата тренинг сесија предводена од Луис Хамилтон, време беше на втората да се продолжи со подготовките за квалификациите и трката. Асфалтот во Силверстоун беше на температура од 42 степени.
Нико Хулкенберг ја отвори сесијата, по што следеше долг список на возачи. Освен возачите на Хас, бели гуми, сите останати стартуваа со жолтите.
Луис Хамилтон, во својот прв обид, постигна време од 1:27.280, победувајќи го Макс Ферстапен за шест стотинки, како и Чарлс Леклер и Ландо Норис за две десетинки. Возачите на Мерцедес АМГ беа мал чекор поназад.
Оскар Пјастри, по првиот обид кој не беше добар, брзо намали на 1:27.196 за да се пласира на првото место, но тоа не траеше долго, бидејќи Исак Хаџар комплетираше круг за 1:27.062, а Луис Хамилтон за 1:26.902.
Околу 20-тата минута од сесијата го имавме првото поголемо извртување, кога Карлос Саинц Јр. изгуби контрола врз задниот дел на болидот на излезот од Лафилд, но без последици по Вилијамсот.
Кратко потоа, Чарлс Леклер го подобри најбрзото време на 1:26.887, но Луис Хамилтон веднаш се врати на врвот со 1:26.592 и го заврши натпреварот на жолти гуми како лидер.
Следуваше симулација на квалификациски кругови на црвените гуми на Пирели.
Први на патеката излегоа возачите на Мерцедес АМГ. Кими Антонели го презеде врвот со 1:26.383, Џорџ Расел заостануваше со време од 1:26.523.
Следуваше Чарлс Леклер на врвот со 1:26.202, но Ландо Норис беше извонреден и беше првиот возач под 1:26 - 1:25.816.
Британецот го победи Моначанецот за три десетинки, а Оскар Пјастри за четири. Луис Хамилтон не можеше повеќе од третото најбрзо време.
Квалификациските кругови завршија со Ландо Норис на врвот, пред возачите на Ферари и Оскар Пјастри на четвртото место, по што следуваа Макс Ферстапен и Кими Антонели.
Ленс Строл ги изненади сите со одличен круг на црвените гуми, искачувајќи се на седмото место, пред Расел, Хаџар, Лосон и Албон.
По квалификациските симулации, возачите се фокусираа на серија од долги стинтови за што подобро подесување на болидите за неделната трка, па затоа редоследот на табелата остана непроменет.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА СИЛВЕРСТОУН












