Трета година по ред, холандската патека е домаќин на првата трка по летната пауза, и тоа со напорна сесија од првиот тренинг.
Со голема веројатност за дожд за вториот тренинг, беше неопходно да се помине што повеќе и од попладневната тест програма.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРЕНИНГ 2, 16:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Првиот тренинг за Големата Награда на Холандија во Зандворт заврши со предвидлив 1-2 пласман на Мекларен. Победникот од 2024 година, Ландо Норис, беше најбрзиот возач, завршувајќи три десетинки пред својот тимски колега и лидер во шампионатот, Оскар Пјастри.
Сите други се далеку поназад, најблискиот со над половина секунда заостанување. Изненадувањето дојде од возачите на Астон Мартин кои беа најголемиот конкурент на тимот од Вокинг. Астон Мартин, со Ленс Строл и Фернандо Алонсо, беше најблискиот ривал на папаја болидите, на тренинг, кој лесно може да биде единствената сува сесија за време на викендот. Двајцата завршија половина секунда зад најбрзиот возач, Ландо Норис.
Тимовите не сакаа да губат време и веднаш излегоа на патеката со почетокот на одбојувањето од еден час. Сите возачи користеа жолти гуми, освен Јуки Цунода, кој беше исклучок и се реши за белите.
Но, тие му донесоа проблеми, Јапонецот имаше извртување и мораше да мине низ чакалот покрај патеката. Луис Хамилтон исто така имаше извртување на влез во вториот закосен свиок, без последици по болидот, но не и по Пирели гумите кои беа уништени.
Следен кој излета беше Андреа Кими Антонели со болидот на Мерцедес АМГ, но за разлика од претходните тој остана заглавен во чакалот. Беа развеани црвените знамиња, а сесијата за младиот Италијанец беше завршена.
На оваа патека нема да има Формула 2 и Формула 3 трки, само Ф1 Акдемијата и Порше купот ќе бидат активни, а со тоа и гумирањето на асфалтот ќе оди потешко.
Повеќе возачи се менуваа на врвот во првата половина од сесијата, а Оскар Пјастри беше најбрз на жолтите гуми, речиси две десетинки побрз од Макс Ферстапен.
Но, кога дојде време за најмеката смеша, Ландо Норис јасно ја покажа супериорноста на црвените гуми, подобрувајќи го најбрзото време за секунда и пол.
Оскар Пјастри беше четири десетинки побавен и имаше малку понепредвидлив круг на црвените гуми.
За време на квалификациските кругови, имаше позитивни и негативни изненадувања.
Фернандо Алонсо комплетираше круг за трето место, пет десетинки зад времето на Норис. Ферстапен заврши шести, зад Алекс Албон, кој исто така се истакна со силно петто место.
Целокупното чувство беше позитивно за Астон Мартин, кога Ленс Строл го презеде третото место, победувајќи го својот тимски колега. Ова важеше и за Вилијамс, уште еден тим кој ги имаше двата болида во топ осум пласман.
Џорџ Расел се смести веднаш зад Макс Ферстапен на седмото место, десетинка и пол зад Холанѓанецот. Габриел Бортолето и Пјер Гасли го комплетираа топ 10 поредокот во сесија во која двата болида на Ферари беа во долниот дел на табелата.
Тие беа негативното изненадување на сесијата, а самиот Чарлс Леклер го изрази својот гнев преку тимското радио, велејќи дека се километри зад местото каде што сакаа да бидат.
Со оглед на големата веројатност за дожд за втората тренинг сесија, тимовите потоа избраа формат на возење посличен за таа сесија, почнувајќи со потврда смеша, спроведувајќи квалификациска симулација кон половината од тренингот и завршувајќи со долги стинтови.
Макс Ферстапен имаше излетување во првиот свиок, по пробниот старт на крајот од сесијата.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА ЗАНДВОРТ