Фернандо Алонсо и Астон Мартин беа позитивно изненадување на денот, разделувајќи ги Мекларените на втората тренинг сесија со второто најбрзо време на денот.
Шпанецот заврши 0.087 делови од секундата зад Ландо Норис и го победи Оскар Пјастри за две илјадитинки.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРЕНИНГ 3, 11:30 MK, И КВАЛИФИКАЦИИ, 15:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Ако ве уплашија коментаторите на Арена, не се грижете. За инцидентот на Оскар Пјастри, Мекларен е казнет со 5.000 евра, што е и релативно голема казна кога е во прашање тренинг сесија!
Иако имаше голема веројатност за дожд за вториот тренинг, тој се приближи до патеката, но ја одмина и акцијата се одвиваше на сув асфалт.
Возачите за првичните кругови се одлучија за сите смеши на Пирели, но најупотребувани беа белите и жолтите, иако имаше поголема разновидност отколку на првиот тренинг.
Андреа Кими Антонели стартуваше на црвените гуми. Како што минуваа минутите, времиња се подобруваа, а постепено акцијата се префрлаше и на најмеката смеша.
Овој ран чекор кон квалификациските симулации беше забрзан од заканата од дожд, но само неколку капки дожд стигнаа до патеката, што не им пречеше на никого.
Но, инцидентот во кој беше вклучен Ленс Строл, прекина неколку квалификациски симулации.
Канаѓанецот сакаше широко да го помине третиот свиок, пред него се најдоа два болиди на Ферари, а Канаѓанецот заврши во заштитните бариери покрај патеката, значително оштетувајќи го својот Астон Мартин, што беше крај на сесијата за него.
Развеаните црвени знамиња го оставија Оливер Берман во водство, бидејќи Британецот успеа да го заврши својот круг и да забележи време од 1:11.113. Сесијата продолжи по 12-минутна пауза, во која беше отстранет болидот на Астон Мартин и беа поправени бариерите.
Кратко по развејување на зелените знамиња, имавме период од четири минути под режим на виртуелно безбедносно возило, откако болидот на Рејсинг Булс ја изгуби моќноста, па Исак Хаџар мораше да го паркира покрај патеката.
Првата тренинг сесија најави дека за брзо време ќе видиме времиња под 70 секунди, а првиот што го стори тоа беше Фернандо Алонсо. Болидот на Астон Мартин се однесуваше многу добро на оваа патека, а Шпанецот се најде на врвот на табелата.
Подоцна, само Ландо Норис успеа да го победи неговото време, и тоа со минимална предност од само 0.087 делови од секундата. Оскар Пјастри заврши две илјадитинки зад Алонсо, но главно обележје на петочните сесии беше силниот настап на Астон Мартин.
Тимот од Силверстоун беше најблиску до Мекларен на првиот тренинг, а по оваа втора сесија се чини дека тие се пред Мерцедес АМГ, Ред Бул и Ферари.
Џорџ Расел заврши три десетинки зад Норис, Макс Ферстапен уште подалеку, а Луис Хамилтон осум. Британецот беше побрз од Чарлс Леклер, но имаше уште едно извртување на патеката.
Ферари остана далеку од врвот на табелата, и тие несомнено се надеваа на многу подобар почеток на викендот.
Алекс Албон имаше излетување од патеката, на истото место како и Макс на првиот тренинг, оставајќи го заглавен на чакалот. Црвените знамиња беа развеани по втор пат и беа проблем за возачите, "сецкајќи" ја оваа сесија.
Франко Колапинто успеа да направи добар круг со црвените гуми и да се пласира на деветтото место. Аргентинецот беше само една десетинка зад Леклер и го победи Нико Хулкенберг за една десетинка, кој го комплетираше топ 10 поредокот.
НАДЕЖЕН ПЕТОК ЗА НАНДО И АСТОН МАРТИН
8/29/2025 03:08:00 PM
0
Share to other apps