Времето на Луис Хамилтон во Ферари не ја донесе брилијантноста на која многумина се надеваа.
Британецот забележа историски рекорд на трката за Големата Награда на Соединетите Американски Држави, иако не е баш за славење.
Хамилтон досега има 19 трки без пласман на подиум со Ферари, најдолгата низа во историјата на тимот. Претходно, овој рекордот го држеше Дидие Пирони повеќе од четири децении.
На Французинот му беа потребни 19 трки за да го постигне својот прв пласман на подиумот со Ферари, нешто што го постигна на Големата награда на Сан Марино во 1982 година.
Оттогаш, на ниту еден возач не му требаше толку долго за да стигне до пласман на подиумот со црвениот болид.
Пристигнувањето на Луис Хамилтон во Маранело предизвика огромно возбудување по неговото изненадувачко заминување од Мерцедес АМГ.
Неговата прва сезона со Ферари се покажува како многу тешка, а досега во 2025 година, Британецот е надминат од Чарлс Леклер и во квалификациите и во трката.
Додека Моначанецот го прослави својот шести подиум оваа година во Остин, Хамилтон мораше да се задоволи со четвртото место.
Во генералниот пласман, тој е на шестото место со 142 поени, 50 помалку од неговиот тимски колега. Неговите најзначајни настапи се случија на спринтовите, каде тој ги освои спринт квалификациите и спринтот во Кина, како и третото место во Мајами.
На трките, неговиот најдобар резултат е четвртото место, повторено во Емилија Ромања, Австрија, Велика Британија, а сега и во Соединетите Американски Држави.
По трката во Остин, Хамилтон изјави: "Толку блиску, а сепак толку далеку... но, да, морам да продолжам да се обидувам..."
Со само неколку преостанати трки во календарот, Луис Хамилтон се обидува да ја прекине сушата што стана дел од историјата на Ферари. Целта е јасна, конечно да се искачи на подиумот со црвениот болид и да ја трансформира монотоната сезона во прв чекор кон нова ера во Ферари.
Но, штетата што оваа сезона ја прави со Ферари оваа година е невозможно да се избрише, и ќе остане запишана во историјата на тимот од Маранело.
Луис Хамилтон, во Мерцедес АМГ, не само што го имаше најдоминантниот болид во историјата на Формула 1, туку и регулатива што ги спречуваше останатите да се подобрат.
Од некоја причина, во регулативата за 2026 година, дали како последица на овој период, ФИА настојува да не се повтори најлошиот период на шампионатот, кога беше достигнато дното на гледаност.
Луис Хамилтон, и покрај неверојатната заштита од медиумите, пред се британските, нема да можат да го сокријат фактот дека стана најлошиот дебитант во целата историја на Ферари. Тоа е нешто што не може да се избрише...
ЛУИС РУШИ РЕКОРДИ СО ФЕРАРИ. 19 ТРКИ БЕЗ ПЛАСМАН НА ПОДИУМ
10/21/2025 01:43:00 AM
0
Share to other apps