Големата Награда на Сингапур ја започнува финалната серија од седум трки до крајот од сезоната. Три од нив ќе се одржат во октомври, како и обично, три во ноември и една во декември, а последните три трки ќе бидат во последователни викенди.
Иако шампионатот на конструктори веројатно ќе биде одлучен на оваа трка, возачите на Мекларен треба да освојат само 13 поени, но шампионатот на возачи неочекувано се закомплицира по дебаклот на Пјастри во Баку.
Доколку Макс Ферстапен продолжи да победува, тој ќе има какви такви шанси да ја одбрани титулата, но сите во Ред Бул сè уште се многу претпазливи во врска со тоа. Трката во Сингапур е клучна во овој поглед. Макс никогаш претходно не победил на Големата награда на Сингапур.
Меѓу тековните возачи, Луис Хамилтон има победено четири пати, Фернандо Алонсо двапати, а Карлос Саинц Јр. и Ландо Норис имаат по една победа.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 14:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Ставовите кон Големата награда на Сингапур се менуваа со текот на годините. Првично, настанот предизвика вистински интерес. Првата ноќна трка во историјата на Формула 1, неверојатно спектакуларните телевизиски снимки од блескавиот град и предизвикувачката патека.
Но, како што годините минуваа, стана јасно дека престигнувањето во Сингапур е фундаментално невозможно, дека два часа на топлина и висока влажност стануваат мака за возачите, кои беа принудени да поминуваат 19 свиоци по круг, претходно имаше 23, без надеж дека ќе ја подобрат својата позиција и без правци на кои можат да се одморат.
Успехот на ноќна трка е забележан, па сега, имаме пет настани во календарот кои се одржуваат под вештачко осветлување и изгледаат не помалку импресивно, а тркањето на некои од нив е многу поспектакуларно, како на пример, ризичната Џеда и уште поживописниот Лас Вегас.
Викендот во Сингапур е обично интересен до крајот на квалификациите, кои се навистина интензивни и битката за што подобра стартна позиција е многу блиска.
Сепак, со возачи кои се надвор од своите вообичаени стартни места, може да се надеваме на добра и интересна трка, чиј почеток е закажан за 14 часот по Македонско време.
Блиските бариери, исто како во Монте Карло, бараат целосна фокусираност и концентрација од возачите за време на целиот тркачки викенд.
Според самите возачи, моќното осветлување овозможува таква видливост на патеката која е подобра отколку на дневните трки, бидејќи не постои отсјајот на сонцето.
Искрите од подот на болидите, издувните пламени и усвитените дискови на сопирачките обезбедуваат глетка што поминува незабележано во дневните часови.
Времето во Сингапур е жешко, а како додатно отежнување е и големата влажност на воздухот. Затоа колку што трката во Сингапур се вози навечер од естетски причини и прилагодување со Европската саатница, тоа е и најдоброто време за возачите и публиката.
Од Пирели за претстојната трка за Големата Награда на Сингапур ги донесоа трите смеши од минатата година С3, С4 и С5. Со оглед на комплексноста за претекнување на патеката, тимовите внимателно ќе ги проценат опциите за да добијат стратегиска предност.
За оваа трка, неопходно е да се земе предвид високата веројатност за појава на безбедносното возило, што може да го промени текот на трката.
Ако остане суво, од Пирели најавуваат дека најдобрата стратегија за денешната трка треба да биде со едно застанување во бокс.
Ова може да вклучува старт на жолтите гуми и нивно возење до помеѓу 26 и 32 круг, а за финиш на трката возачите да се префрлат на белите гуми.
Алтернатива би било, на стартот, да се вози на белите гуми од 32 до 38 круга, пред да се префлат на жолтите.
Постојат голем број на добро познати надворешни фактори кои често влијаат на стратегијата во Сингапур.
На секоја трка што се одржува во Марина Беј има најмалку едно излегување на безбедносниот автомобил, како и временските услови
Марио Изола, Пирели мотоспорт: "Многу тесни квалификации, каде што Мерцедес АМГ, особено брилијантно освои можеби изненадувачка, но апсолутно заслужена пол позиција со Расел."
"Беше интересно да се види извонредната блискост на времињата во сите три сегменти од квалификациите, и тоа, 15 возачи во рамките на осум десетинки во Q1, десет во рамките на помалку од половина секунда во Q2, а најбрзите десет беа сите под 1:30.000 во Q3."
"Пол позицијата на Расел беше рекордна, 367 илјадитинки побрзо од минатата година, но, во согласност со нашите симулации пред настанот. Патеката значително се подобри за време на саботниот тренинг и на почетокот на квалификациите, а потоа се стабилизираше во последните фази."
"C5 понуди добро ниво на перформанси дури и во вториот или третиот мерен круг, особено во вториот обид. Знаеме колку се клучни квалификациите на оваа патека, што се гледа од фактот дека во петнаесетте трки одржани овде досега, победникот стартувал од пол позицијата во сите освен во три наврати."
"Најверојатно не очекува трка со еден пит-стоп, иако зголемувањето на брзината во пит-линијата, од 60 на 80 км/ч, ја прави опцијата со две застанувања во бокс малку попривлечна, особено ако има излегување на безбедносно возило или создавање опција за чиста патеката пред себе за време на трката."
"Верувам дека сите три смеши би можеле да се користат. Секој има по еден сет бели и еден сет жолти гуми на располагање, но и црвените би можеле да играат улога, или на почетокот или на крајот од трката."
"Поголемиот грип што го нуди C5 би можел да се искористи на почетокот за да се добијат витални позиции на патека каде што престигнувањето е секогаш тешко, иако сега помалку отколку во минатото."
Во петокот и саботата возачите работеа на сува патека, а иако врнежи беа прогнозирани засега ја избегнуваат патеката во Марина Беј.
Во 20:00 часот по локално време кога возачите ќе го започнат загревачкиот круг, температурата на воздухот ќе биде околу 29 степени со слаб југоисточен ветер. Веројатноста за врнежи се проценува на минимални 5%.
Во Сингапур е речиси невозможно да се престигне. Болидите од тековната генерација се потешки и пошироки, па факторите за успешно претекнување остануваат исти, успешни квалификации, добар старт и ефективна стратегија.
Пјер Гасли не можеше да го врати својот болид во гаражата по првиот дел од квалификациите, застана на патеката поради дефект на моторот.
При решавањето на овој проблем, беше потребно да се прекршат правилата на затворениот паркинг (Парк Ферме), поради што возачот на Алпин ќе ја започне денешната трка од пит-линијата.
Стјуардите на Големата награда на Сингапур ги дисквалификуваа возачите на Вилијамс, Алекс Албон и Карлос Саинц Јр., од квалификациите затоа што нивните болиди не ги исполнуваа техничките прописи.
Инспекцијата по квалификациите откри дека DRS-от на двата болида на Вилијамс бил отворен пошироко од 85-те дозволени со прописите милиметри, што претставува прекршување на член 3.10.10.
Британскиот тим го призна прекршокот. Покрај тоа, стјуардите одделно им одобрија на Алекс Албон и Карлос Саинц Јр. да ја започнат трката за Големата награда на Сингапур.
Механичарите на Вилијамс направија промени во подесувањата на амортизацијата на болидот од Алекс Албон, прекршувајќи ги правилата на затворен паркинг, па како дополнителна казна, Тајланѓанецот ќе стартува од пит-линијата.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА СИНГАПУРСКОТО ГРАН ПРИ
10/05/2025 11:21:00 AM
0
Share to other apps








