Возачите на Мекларен оставија импресивен впечаток на првата и единствена тренинг сесија за Големата Награда на Сао Пауло, која се вози на патеката Хозе Карлос Паче, попозната како Интерлагос.
Оскар Пјастри беше пред тимскиот колега, во текот на целата сесија, но во последните моменти, Ландо Норис го забележа најбрзото време, 0.023 секунди пред својот ривал во борбата за титулата.
Ред Бул и Ферари, од друга страна, направија изненадувачки стратешки избор, избегнувајќи ги квалификациските кругови и потонаа на дното од табелата.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 19:30 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Само возачите на Ферари, Чарлс Леклер и Луис Хамилтон, не користеа ниту сет жолти или црвени гуми, комплетирајќи ја целата 60-минутна сесија само со еден сет бели гуми.
Макс Ферстапен, 17-ти пред двајцата возачи на Ферари и неговиот тимски колега, Јуки Цунода, кој се изврте и го скрши предното крило во првите минути од сесијата, ги користеше црвените гуми во последните минути, но го прекина брзиот круг, влезе во боксот, и потоа повторно излезе на стариот сет на бели гуми.
Луис Хамилтон, исто така, се изврте на крајот од сесијата, но не дојде во контакт со заштитните бариери и се врати во својата гаража.
Така, без фаворитите на врвот, со исклучок на двајцата возачи на Мекларен, кои кон крајот возеа со жолти гуми, како и речиси сите други, третото место му припаѓа на изненадувачкиот Нико Хулкенберг, кој сепак имаше заостанување од повеќе од 6 десетинки од најбрзото време.
Фернандо Алонсо и Габриел Бортолето го следат, додека Џорџ Расел не може да се снајде подобро од шестото место со боидот на Мерцедес АМГ, 670 илјадити зад Норис со истите жолти пневматици.
Десетто најбрзо време за Кими Антонели, кој добро се снајде на своето деби на тешка патека како Интерлагос.
Акцијата во Бразил се враќа во 19:30 часот со Спринт квалификациите на кои ќе се одреди стартниот поредок за саботниот Спринт.
МЕКЛАРЕН НА ВРВОТ, РЕД БУЛ И ФЕРАРИ НА ДНОТО
11/07/2025 03:07:00 PM
0
Share to other apps



