Џорџ Расел обезбеди на изглед контроверзна, но кога ќе се погледне телеметријата перфектно заслужена Пол позиција за Големата Награда на Австрија.
Британецот го подобри своето време во последен момент по излетувањето на Макс Ферстапен, победувајќи ги возачите на Ферари за првото место на табелата.
По излетувањето на Макс, сите помислија дека Чарлс Леклер ќе ја освои пол позицијата, а Ферари ќе го има првиот стартен ред, но Џорџ остана со "ладна" глава, намали колку е потребно во неговиот последен обид во Q3 и заслужено изби на врвот.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Кими Антонели, беше првиот кој помина во зоната на излетување, кога беа развеани жолти знамиња, и целосно го прекина својот круг.
Кога, Џорџ Расел се приближи до тој дел од патеката, тој намали толку колку што е потребно да го подобри времето на својот круг, без да го подобри својот трет сектор.
На крајот, со време од 1:06.113, ги победи возачите на Ферари и ја обезбеди својата единаесетта пол позиција во Формула 1.
Надвор од првите тројца, Кими Антонели беше четврти, а Макс Ферстапен петти. Возачите на Мекларен беа чекор поназад, но пред Исак Хаџар.
Најдобри од останатите беа возачите на Рејсинг Булс, Лиам Лосон пред Арвид Линдблад.
Зошто Расел ја задржува Пол позицијата?
Сè се сведува на позицијата на патеката и одлуките на директорот на трката. Ако ја погледнеме позицијата на сите, можеме да видиме дека Макс Ферстапен беше веднаш пред двата возачи на Мерцедес АМГ на неговото последно возење во Q3.
Ова значеше дека одлуката во врска со жолтите знамиња мораше да се донесе за неколку секунди.
Во случај некој да не разбира, постои огромна разлика помеѓу развеани жолти знамиња и двојни жолти знамиња.
Со едно жолто знаме, возачот мора да ја пушти педалата за гас во таа област и не може да го подобри своето време. Со двојни жолти знамиња, кругот автоматски се откажува и ништо не може да се направи.
Со оглед на сериозноста на излетувањето на Ферстапен и фактот дека станува збор за делница со голема брзина, некои мислат дека требало да бидат развеани двојни жолти знамиња.
Во тој момент, возачите на Ферари беа први и втори на табелата, а возачите на Мерцедес АМГ ги немаа комплетирано своите кругови. Некои членови на Ферари веќе славеа.
Контролата на трката првично се одлучи за развејување на жолти знамиња. Антонели беше околу шест секунди зад Макс, Расел беше околу 20 секунди зад Холанѓанецот.
Ова беше клучно за да се осигури дека двајцата поминаа низ зона на развеани жолти знамиња, наместо под двојни жолти знамиња, кои беа развеани по 22 секунди од инцидентот.
Со други зборови, возачите на Мерцедес АМГ имаа можност барем да го завршат својот круг, но мораа да намалат во деветтиот свиок.
Прв возач кој ја помина зоната на излетување на Макс беше Кими Антонели, но тој го прекина кругот, губејќи две секунди во третиот сектор, и заврши зад возачите на Ферари.
Сепак, вреди да се напомене дека тој не беше толку брз како Расел и секое подигнување на ногата од педалот за гас, веројатно ќе го пласираше на четвртата позиција.
Џорџ Расел пристигнува по својот тимски колега и го подобрува своето време. Тој го направи токму она што беше потребно, намали во 9-от свиок (телеметријата покажува загуба на три десетинки во тој свиок), но севкупното време беше доволно за Пол позицијата.
Ова не е прв пат ова да се случи во Формула 1. Фернандо Алонсо и Нико Розберг поминаа низ слична ситуација. Не го подобрија своето време во секторот под жолти знамиња, но вкупното време беше доволно, за Шпанецот да помине во Q3, за Германецот да освои Пол позиција.
Единствено во денешните квалификации може да дебатираме, дали по излетувањето на Ферстапен требаше да бидат веднаш развеани двојни жолти знамиња, без чекање на возачите на Мерцедес АМГ.
Но, знаеме и за ситуации од минатото кога при полоши инциденти, биле развејувани дури и црвени знамиња со одредено задоцнување како би им се дозволило на возачи да го комплетираат својот круг.
Според нас и тука нема место за приговор...
ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ЗА РАСЕЛ, ШОК ЗА ФЕРАРИ
6/27/2026 02:51:00 PM
0
Share to other apps





