Макс Ферстапен донесе возбуда пред квалификациите за Големата Награда на Азербејџан.
Холанѓанецот комплетираше одличен круг и беше единствениот што падна под 1:44, на последната тренинг сесија во Баку.
Џорџ Расел и неочекувано Луис Хамилтон заостанаа околу една дестинка, додека Андреа Кими Антонели заостана неколку десетинки, во сесија обележана со многу жолти знамиња.
Возачите сериозно пристапија кон пронаоѓање на крајните граници на своите болиди и имаа чести излегувања во безбедносните зони покрај патеката.
Ф1 се враќа во акција денес во 14 часот со квалификациите, каде ќе се одреди стартниот поредок за утрешната САБОТНА трка за Големата Награда на Азербејџан.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Џорџ Расел беше најбрзиот возач на патеката вчера, и на тренинг 1 и на тренинг 2. Макс Ферстапен и Ферари завршија далеку поназад, а Мекларен не успеа да влезе во првите пет. Но, ситуацијата денес се промени.
Поинаков петок од вообичаеното за викенд во Формула 1. Вчера се одржаа првите две тренинг сесии, а утрово се одржа последниот тренинг пред квалификациите, кои ќе се одржат попладнево со почеток во 14:00 часот по Македонско време.
Вчера имаше многу проблеми, а денес жолтите знамиња беа често развејувани поради излегувањето на болидите во безбедносните зони, без премногу последици по болидите. Но, тие покажаа нешто што е веќе добро познато во Баку, т.е. кога притисокот е голем, грешките се неизбежни.
Откако возачите се префрлија на црвените гуми, почнаа да се појавуваат првите вистински конкурентни времиња. Џорџ Расел поведе со време од 1:44.177, а неговиот колега Андреа Кими Антонели заостануваше нешто повеќе од шест десетинки.
Следеа воачите на Ферари, Чарлс Леклер, седум десетинки, и Луис Хамилтон, девет десетинки заостанување на 15 минути до крајот, а Макс Ферстапен ја заокружи првата петорка, со заостанување од речиси цела секунда зад лидерот.
Реалноста е дека Расел изгледаше многу удобно во текот на трите тренинг сесии. Патеката, со 44 степени Целзиусови, беше значително постудена отколку вчера, кога се приближуваше до 50.
Возачите на Мерцедес АМГ постојано ги подобруваа своите времиња со секој изминат круг.
Расел веќе имаше постигнато време од 1:44.021, а Антонели беше 0.252 зад него.
Се чинеше дека Мерцедес АМГ сè има под контрола, дури и кога возачите на Мекларен се појавија на најмеката смеша. Двајцата возачи на папаја тимот не можеа да се приближат до најбрзото време.
Но, финишот на сесијата донесе изненадувачки расплет. Макс даде сè од себе во својот последен брз круг, освојувајќи го првото место со време од 1:43.941. Тој беше единствениот возач кој забележа време под 1:44 во текот на целата сесија.
Џорџ Расел заостана само 99 илјадити делови од секундата, а Хамилтон 111. Одеднаш, она што изгледаше како уште една сесија доминирана од Мерцедес АМГ се претвори во предупредување за нив непосредно пред квалификациите.
Ветерот беше еден од изненадувачките гости наутро и предизвика доста проблеми. Всушност, на почетокот на сесијата, самиот Антонели се пожали за тоа преку радио.
Првиот свиок беше место на многу проблеми. Имаше неколку излетувања, дури и за возачите на најбрзите четири тима. На крајот од тренингот, Расел за малку избегна многу посериозен инцидент откако се приближи на неколку сантиметри од заштитните бариери, што ќе му го нарушеше добриот почеток на викендот, но за негова среќа, не направи контакт.
Жолтите знамиња беа постојано равејувани во текот на целата сесија поради разни излети од патеката. Ова беше случај и во Формула 2.
МАКС ФЕРСТАПЕН ГО ПРЕДИЗВИКУВА МЕРЦЕДЕС АМГ?!?
9/25/2026 12:42:00 AM
0
Share to other apps



