Џорџ Расел беше најбрзиот возач на првата и единствена тренинг сесија за Големата Награда на Сингапур.
Возачите беа во доста голем микс на пневматици, па имавме шаренило од времиња и сектори.
Британецот го победи Чарлс Леклер за речиси две и Ландо Норис за речиси три десетинки.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ОД СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 14:30 MK, ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По Големата Награда на Бахреин, возена во Малезија, на која Макс Ферстапен и Ред Бул триумфираа за прв пат оваа година, Големата Награда на Сингапур започна со единствената тренинг сесија.
Патеката беше сува, доста валкана, а температурата беше 53 степени Целзиусови.
Секако, немаше време за губење. Многу возачи се собраа пред излезот од пит-линијата и чекаа да се вклучи зеленото светло, а возачите на Алпин беа предводници.
Франко Колапинто ја отвори сесијата со време од 1:41.011.
Освен возачите на Кадилак, кои беа на жолти гуми, остантите започнаа со најтврдата смеша на Пирели.
Некои возачи започнаа со времиња во опсег од 1:37, додека други започнаа со 1:36... Макс Ферстапен постави време од 1:35.641 за почеток.
Набрзо, многу возачи, сите осум од водечките тимови, имаа времиња во опсег од 1:35. Некои од нив, како Ландо Норис и Џорџ Расел, дури и се осмелија да стигнат до 1:34, а возачот на Мекларен постави време од 1:34.367.
По половината од сесијата, неколку возачи имаа времиња во опсег од 1:33. Меѓу нив, Кими Антонели беше најбрз со 1:33.830, а зад него беа Леклер со 0.34 и Расел 0.56 заостанување.
Во последните 12 минути од сесијата, жолтите и црвените гуми беа во центарот на вниманието, па времињата по круг драматично се променија во тој последен четврт час.
Ферари, Мекларен, Кадилак и Расел се одлучија за црвените гуми, останатите останаа на жолти гуми. На крајот, во последните минути со широк спектар на смеши, имавме и многу разновидни сектори.
Џорџ Расел постави време од 1:32.274 и ја заврши сесијата на врвот, следен од Чарлс Леклер на 198 илјадити и Ландо Норис на 273 илјадити.
Времето на Ландо е доста чудно, бидејќи изгуби повеќе од половина секунда од своите ривали во првиот сектор, но потоа го обои вториот сектор во виолетова боја и на крајот заврши помалку од три десетинки од секундата зад Расел.
Ферари, исто така, покажа мешани времиња во секторите, што значи дека ќе имаме неизвесни Спринт квалификации.
Луис Хамилтон заврши четврти, а Оскар Пјастри петти, додека Макс Ферстапен ги победи Кими Антонели и Исак Хаџар и беше најбрз со жолтите гуми.
Пјер Гасли и Лиам Лосон го комплетираа пласманот на најбрзите десет возачи.
ЏОРЏ РАСЕЛ СЕ СНАЈДЕ НАЈДОБРО НА МАРИНА БЕЈ
10/09/2026 12:21:00 AM
0
Share to other apps



