Големата Награда на Сингапур е завршница на првата од трите последователни есенски стинтови на трки.
Следевме интересна трка во Баку, имавме дожд во Сепанг, а следува ноќна трка на патеката Марина Беј. Во обид да се зголеми интересот, овогодинешниот настан беше одлучено да се одржи во спринт форматот.
Од воведувањето на овој формат, некои велат дека е несоодветен за патеки каде што претекнувањето е тешко, додека други веруваат дека спринтот додава интрига и спектакл. Што мислите вие?
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 14:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Оваа година во Сингапур дождот ги замачка реалните согледувања и додаде интрига, а во 2027 година ќе гледаме Спринт во Монако. Две патеки каде престигнувањето се смета за тешко изводливо.
Куала Лумпур и Сингапур се оддалечени нешто повеќе од 350 километри, а Валтери Ботас го помина растојанието со велосипед, кој се покажа повеќе изджлив од болидот на Кадилак.
Минатата година, тимот на Мекларен ја освои шампионската Титула кај конструкторите во Сингапур.
На почетокот на сезоната, многумина беа уверени дека и овогодинешниот шампионат ќе биде одлучен рано, бидејќи тимот на Мерцедес АМГ победи на шест трки по ред, но подоцна нивните ривали се подобрија.
Сепак, теоретски, Мерцедес АМГ би можел да го освои Шампионатот на конструктори на следната трка во Остин, но тоа е малку веројатно.
Значи, засега ќе мора да почекаме и да видиме за титулите.
Ставовите кон Големата награда на Сингапур се менуваа со текот на годините. Првично, настанот предизвика вистински интерес. Првата ноќна трка во историјата на Формула 1, неверојатно спектакуларните телевизиски снимки од блескавиот град и предизвикувачката патека.
Но, како што годините минуваа, стана јасно дека престигнувањето во Сингапур е фундаментално невозможно, дека два часа на топлина и висока влажност стануваат мака за возачите, кои беа принудени да поминуваат 19 свиоци по круг, претходно имаше 23, без надеж дека ќе ја подобрат својата позиција и без правци на кои можат да се одморат.
Успехот на ноќна трка е забележан, па сега, имаме пет настани во календарот кои се одржуваат под вештачко осветлување и изгледаат не помалку импресивно, а тркањето на некои од нив е многу поспектакуларно, како на пример, ризичната Џеда и уште поживописниот Лас Вегас.
Викендот во Сингапур е обично интересен до крајот на квалификациите, кои се навистина интензивни и битката за што подобра стартна позиција е многу блиска.
Сепак, со новата генерација на болиди, кои не се знае кога ќе посакаат да направат нешто спротивно на волјата на возачот, може да се надеваме на добра и интересна трка, чиј почеток е закажан за 14 часот по Македонско време.
Блиските бариери, исто како во Монте Карло, бараат целосна фокусираност и концентрација од возачите за време на целиот тркачки викенд.
Според самите возачи, моќното осветлување овозможува таква видливост на патеката која е подобра отколку на дневните трки, бидејќи не постои отсјајот на сонцето.
Искрите од подот на болидите, издувните пламени и усвитените дискови на сопирачките обезбедуваат глетка што поминува незабележано во дневните часови.
Времето во Сингапур е жешко, а како додатно отежнување е и големата влажност на воздухот. Затоа колку што трката во Сингапур се вози навечер од естетски причини и прилагодување со Европската саатница, тоа е и најдоброто време за возачите и публиката.
Од Пирели за претстојната трка за Големата Награда на Сингапур ги донесоа трите најмеки смеши во понудата С3, С4 и С5. Со оглед на комплексноста за претекнување на патеката, тимовите внимателно ќе ги проценат опциите за да добијат стратегиска предност.
За оваа трка, неопходно е да се земе предвид високата веројатност за појава на безбедносното возило, што може да го промени текот на трката.
Ако остане суво, од Пирели најавуваат дека најдобрата стратегија за денешната трка треба да биде со едно застанување во бокс.
Ова може да вклучува старт на црвените гуми и нивна промена помеѓу 26 и 32 круг, а за финиш на трката возачите да се префрлат на жолтите гуми.
Доколку црвените гуми се трошат повеќе од предвиденото, нивната замена би се случила помеѓу 23-29 круг, за трката да се заврши на белите гуми.
Алтернатива би било, на стартот, да се вози на жолтите гуми од 25 до 31 круг, пред да се премине на бели.
Постојат голем број на добро познати надворешни фактори кои често влијаат на стратегијата во Сингапур. На секоја трка што се одржува во Марина Беј има најмалку едно излегување на безбедносниот автомобил, но и временските услови може да играат голема улога.
Дарио Марафуски, Пирели: "Условите со кои се соочија возачите за време на спринтот беа предизвикувачки бидејќи дождот зафати само дел од патеката, оставајќи ја едната половина многу влажна, додека другата веќе се сушеше."
"Гумите за променливи услови, интермедија, користени на стартот, останаа на болидите сè до финишот и покажаа извонредно конзистентни перформанси во текот на целото растојание, и покрај тоа што во завршната фаза условите на патеката се приближија до употреба на гуми за суво."
"Управувањето со температурата на гумите беше клучен фактор, особено во последните кругови, но севкупното трошење на гумите остана целосно под контрола."
"За време на квалификациите, на патеката сè уште имаше влажни делови, што резултираше со услови кои не беа идеални. Тимовите применија различни пристапи при подготовката на црвените гуми."
"Некои одлучија да извозат дополнителен круг за подготовка за да ги доведат гумите до нивниот оптимален работен опсег, како што направи Мерцедес АМГ во третиот квалификациски дел, иако тоа не донесе значителна предност во однос на ривалите кои избраа веднаш да нападнат со брз круг."
"Уште еднаш се покажа дека управувањето со гумите е суштински дел од целокупниот пакет, тесно поврзан како со карактеристиките на болидот, така и со стилот на возење на возачот."
"Според нас, црвените гуми претставуваат најинтересна опција за старт на трката, врз која големо влијание би можеле да имаат евентуалните периоди со безбедносно возило."
"Повисокото ниво на грип што го нудат црвените гуми во почетната фаза би требало да ги направи претпочитан избор за повеќето возачи, плус тие би можеле да се обидат да го продолжат првиот стинт, потпомогнати од ниското ниво на деградација, додека чекаат поволен момент за неутрализација на трката."
"За вториот дел од трката, жолтите и белите гуми нудат релативно слични перформанси, иако C4 смешата (жолти гуми) би можела да обезбеди предност во однос на грипот."
"Во моментов, стратегијата со две застанувања во боксот изгледа малку веројатна, бидејќи се проценува дека е за околу десет секунди побавна од достапните алтернативи со едно застанување."
Во петокот, возачите работеа на сув асфалт, во саботата врнеше преку ден, но не се очекуваат врнежи за време на трката.
Дождот ќе врне во текот на денот, бришејќи слој од истрошена гума, но ќе престане до 18:00 часот по локално време. Сонцето ќе зајде во 18:54 часот, а во 20:00 часот по локално време, возачите треба да го започнат кругот за загревање.
Дотогаш, воздухот ќе се олади на 28°C со слаб источен/југоисточен ветер. Веројатноста за врнежи за време на трката не е поголема од 20%.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ГН СИНГАПУР
10/11/2026 11:48:00 AM
0
Share to other apps










