Кими Антонели беше најбрзиот возач на втората тренинг сесија за Големата Награда на Бразил, надминувајќи ги сите ривали за повеќе од две десетинки, делумно благодарение на изненадувачки конкурентниот втор сектор.
Ландо Норис беше втор со Мекларен, а Ферстапен беше трет со Ред Бул. Џорџ Расел беше 273 илјадити делови од секундата зад својот тимски колега за четврото место на табелата, но има казна од пет стартни места поради промена на моторот.
Габриел Бортолето повторно најдобар во средниот ред, но неговиот тимски колега, Нико Хулкенберг не можеше да излезе од гаражата, бидејќи неговиот болид имаше дефект наутро додека го возеше Фреди Слејтер.
Викендот продолжува со саботниот тренинг, 15:30, и битката за Пол позицијата на квалификациите закажани за 19:00 часот по Македонско време.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Втората тренинг сесија се одвиваше во променливи и магливи временски услови, со ситни капки дожд и пониски температури, додека сите 22 редовни возачи се вратија во своите болиди по утринските настапи на дебитантите.
Над патеката Интерлагос се спушти густа магла и слаб дожд, особено во првиот и вториот свиок. Иако дождот не засили и се очекува петок да биде најсувиот ден од викендот пред најавените поројни дождови за сабота и недела, студениот асфалт создаде сериозни проблеми со загревањето на пневматиците.
Најбрзите кругови беа поставени непосредно пред средината на едночасовната сесија, кога возачите преминаа на најмеката смеша на Пирели, црвените гуми, за да го тестираат квалификациското темпо. Во вториот дел од тренингот тимовите се фокусираа на подолги стинтови и симулација на тркачкото темпо.
Антонели, кој минатиот викенд стана најмладиот шампион во историјата на Формула 1, ја презеде контролата и го победи ланскиот шампион Ландо Норис за 0.253 секунди.
Неговиот тимски колега Џорџ Расел исто така покажа силно темпо, завршувајќи на четвртото место со заостанување од само 0.020 секунди зад Норис.
Овој викенд е клучен за тимот на Мерцедес АМГ, бидејќи имаат шанса математички да ја обезбедат титулата кај конструкторите.
Ландо Норис заврши втор и го предводеше блискиот поредок зад лидерот, со минимална предност од само 0.006 секунди пред Макс Ферстапен на третата позиција.
Оскар Пјастри го комплетираше петтото место, со што првите петмина возачи се сместија во нешто повеќе од три десетинки.
За Ферари ова беше фрустрирачка сесија. Луис заврши на шестото, а Чарлс Леклер на седмото место. Хамилтон преку тимското радио се пожали дека предните жолти гуми, воопшто не функционираат и дека има големи потешкотии да ги доведе до оптимална работна температура.
Првата десетка ја заокружија домашниот миленик Габриел Бортолето на осмото место, Исак Хаџар на деветтото и Оливер Берман на десеттото место.
Чарлс Леклер, кој го вози својот прв викенд откако стана татко, имаше опасен близок контакт со дебитантот на Хас, Рафаел Камара. Младинскиот возач на Ферари Академијата го попречи Леклер на патеката, принудувајќи го Моначанецот на нагла реакција за да избегне судир, поради што стјуардите веднаш отворија официјална истрага по завршувањето на сесијата.
Нико Хулкенберг доживува вистинска катастрофа во Бразил, откако не можеше да излезе на патеката поради дефект на својот болид, кој во првата сесија го возеше дебитант, што целосно му ја наруши петочната програма.
НОВОКРУНИСАНИОТ ШАМПИОН НАЈБРЗ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
11/06/2026 07:50:00 PM
0
Share to other apps



