Ландо Норис повторно го демонстрираше својот талент на дожд.
Британецот ја обезбеди Пол позицијата во Бразил во квалификациска сесија обележана со предизвикувачки временски услови.
Фернандо Алонсо, кога брзината на болидот не е пресудна, му донесе Q3 пласман на Астон Мартин за прв пат оваа сезона.
Формула 1 се враќа во акција со трката за Големата Награда на Сао Пауло, која започнува во 18:00 часот по Македонско време.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Дождот пристигна во Сао Пауло. Овој пат прогнозите беа точни, а поројниот дожд што падна по саботната тренинг сесија ни ги донесе првите квалификации на дожд во 2026 година.
Во овие услови, моќноста на болидот е помалку важна, а до израз доаѓаат возачки способности на возачите. Има повеќе простор за брилијантност, талент, магија, а пред сè, шанса за оние кои немаат болид способен да се натпреварува за врвот во нормални, суви услови.
Луис Хамилтон, Макс Ферстапен и Серџо Перез ќе стартуваат од последните стартни редови, по промената на повеќе елементи од нивните погонски единици.
Џорџ Расел и Чарлс Леклер се казнети со пет и десет стартни позиции соодветно за вградување на нов мотор со внатрешно согорување. Во случајот на Британецот, тоа се само пет места бидејќи тој веќе отслужи слична казна претходно во Сингапур.
Пет возачи носеа казни во квалификациите, што отвори златна можност за двата Мекларена, Исак Хаџар и новокрунисаниот Ф1 шампион, Андреа Антонели.
Оваа ситуација им користеше и на возачите од средниот ред, кои вообичаено немаат шанса да се борат за врвните позиции под нормални околности, но во оваа прилика видоа неочекувана можност да предизвикаат изненадување.
ДРАМА НА ИНТЕРЛАГОС: ЦРВЕНИ ЗНАМИЊА, ПОРОЕН ДОЖД И ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА НОРИС
11/07/2026 08:27:00 PM
0
Share to other apps



