Мониша Калтенборн, тимскиот шеф на Заубер, рече:
"Ние оставаме една многу тешка година зад нас. Првата половина на 2013 година беше особено тешка за нас, но во втората половина направивме значајни чекори. Ние научивме многу во лекции, кои ќе бидат применети во новата сезона. Но, поради радикалните промени во техничките прописи, предвидувањата се едноставно невозможни во оваа фаза. Било каков впечаток за тоа како тимови стојат едни против други само ќе се формира по завршување на пред-сезонските тест сесии. Тогаш ќе ги објавиме нашите цели за 2014 сезона, но едно нешто е сигурно, издржливоста на болидот ќе биде од суштинско значење, особено на почетокот на сезоната."
"Адријан е возач кој што го набљудувавме повеќе време и со кого бевме во контакт од септември месец. Тоа е причината што јас сум особено задоволна што успеавме да го добиеме во тимот. Тој во повеќе наврати има покажано колку е брз, тој е искусен, и ова е негова седма сезона во Формула 1. Гледано низ призмата на обемните технички промени, тоа е предност не треба да се потценува. Што се однесува до Естебан Гутиерез, ние веќе долго време го сметаме него како талентиран возач. Минатата година тој имаше потешкотии на почеток од својата Ф1 кариера, но постојано напредува. Тој, исто така, се снајде многу добро во тимот. Ние сме убедени дека оваа сезона ќе може да го преточи својот талент и искуство во добри резултати."