Q1 болидите го започнаа на интермедиа гумите на Пирели на патека која беше во фаза на сушење по дождот на денешниот тренинг. Условите се менуваа од минута во минута, а најдобри за поставување на брзо време беа при крајот на оваа сесија. Тоа предизвика да голем број од болидите се најдат на патеката со очајни обиди да поминат во Q2.
Како по обичај, механичарите на Кими Раиконен никако да се снајдат во такви услови, па квалификациите за него беа завршени, многу рано и само пред болидите на Манор.
Q2 сесијата помина без поголеми возбудувања, а единствено Даниел Рикиардо тешко го контролираше болидот на Ред Бул и се пожали на чувство на "нешто чудно при сопирање". Овие проблеми го спречија Австралијанецот да се пласира во најбрзите 10 болиди, за разлика од неговиот помлад тимски колега кој без проблеми го обезбеди тој пласман.
Сесијата беше максимумот и за Фернандо Алонсо со Мекларен, а дополнително тој и Рикиардо ги очекуваат казни поради промена на делови од ПЕ. Џенсон Батон на таа основа собра повеќе од нив со вкупен збир на 25 стартни места поназад.
Прв кој ја превзеде иницијативата во Q3 беше Луис Хамилтон, што се покажа како одличен потег. Го постави најбрзото време во тој момент, кое не можеше да биде подобрено од нити еден друг возач, па ни тимскиот колега, кој закасни 2 десетинки од секундата.
Себастијан Ветел го имаше третото најбрзо време, пред Маса и Ботас со болидите на Вилијамс. На крајот кога ја очекувавме најголемата борба за Пол позицијата, ниту еден од двајцата возачи на Мерцедес АМГ не успеаа да стигнат до целта при својот втор брз круг.
Луис Хамилтон се изврте и излета уште на почетокот при влез за првиот свиок, а кога сите очекувавме дека Розберг конечно ќе биде најдобар, тој не демантираше со излетување на последниот свиок пред стартно-целната линија.
Со тоа, надежите за Себастијан Ветел се зголемија неколкукратно, по добрите времиња на тренинг сесиите, но иако не направи некоја поголема и видлива грешка не успеа да го забележи најбрзото време, згора на тоа не успеа да стигне ни до првиот стартен ред.
Германецот остана трет пред Маса, Хулкенберг и Ботас. Ферстапен на одличната седма позиција за Торо Росо, пред Квајт со Ред Бул и Фелипе Наср со Заубер. Последната позиција од ТОП 10 пласманот ја заокружи Роман Грожан, кој се реши да не постави време во текот на Q3 сесијата.
Трката за Големата Награда на Австрија започнува утре во стандардниот термин за Европа - 14:00 часот.
2015 АВСТРИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:08.455
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:08.655 + 0.200
3. Себастијан Ветел Ферари 1:08.810 + 0.355
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:09.192 + 0.737
5. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:09.278 + 0.823
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:09.319 + 0.864
7. Макс Ферстапен Торо Росо 1:09.612 + 1.157
8. Дањил Квјат Ред Бул 1:09.694 + 1.239
9. Фелипе Наср Заубер 1:09.715 + 1.258
10. Роман Грожан Лотус без поставено време
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:08.634
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:09.754 + 1.553
12. Маркус Ериксон Заубер 1:09.780 + 1.740
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:09.801 + 1.792
14. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:09.939 + 1.831
15. Фернандо Алонсо Мекларен 1:10.073 + 2.102
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:10.976
16. Серџо Перез Форс Индија 1:12.522 + 1.546
17. Џенсон Батон Мекларен 1:12.632 + 1.656
18. Кими Раиконен Ферари 1:12.867 + 1.891
19. Роберто Мери Манор 1:14.071 + 3.095
20. Вил Стивенс Манор 1:15.368 + 4.392
107% време: 1:15.944