Денес во Грац, Австрија, најмалку три лица беа убиени, а 34 повредени, од кои неколку сериозно, кога џип со 100км/ч влетал во толпа на луѓе кои присутвувале на јавен настан организиран во склоп на 2015 Австриското Гран При. Полицијата го уапсила возачот, а локалните медиуми објавија дека тој бил Австриец со босанско потекло, и додаваат дека во позадина се негови семејни проблеми.
Тој бил видно потресен, и немал никакво објаснување за овој чин. Надлежните органи испратиле 60 амбулантни возила на местото на настанот и четири хеликоптери да се транспортираат повредените. Зголеменот број на амбулатни возила и хеликоптери биле присутни поради утрешната Ф1 трка. Исто така, постојат непотврдени информации дека возачот по несреќата излегол од автомобилот и ги напаѓал луѓето со нож.
Зигфрид Нагл, Градоначалникот на Грац, бил во близина на местото на настанот и можел да биде жртва на ова крваво возење: "Убиецот прво прегази еден пар. Мажот умре веднаш, мислев дека потоа ќе престане, но тој се насочи кон другите пешаци. Ние требаше да се спасуваме зад еден столб."
Откако возачот исчезнал градоначалник се обидувал да им помогне на повредените. Видно вознемирен, тој најави дека сите манифестации ќе бидат откажани и дека ќе биде поставено црно знаме на градското собрание.
Хајнц Фишер, Австрискиот Претседател, изјави дека неговата прва реакција била дека тој е "длабоко шокиран". Тој изрази сочувство до Владата на реонот Стирија, како и до семејствата на жртвите на овој "невиден криминал".
КРВАВ ПИР НА ВОЗАЧ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА СТИРИЈА
6/20/2015 05:40:00 PM
0
Share to other apps