Педи Лоу, изјави: "Прилично сум возбуден што го презентиравме FW41 на пошироката јавност. Нашиот нов болид е производ од тимската работа на сите оддели на нашата фабрика, како аеродинамика, дизајн, тркачките и системските инженери."
"Болидот има многу нови карактеристики, од кои повеќето не се видливи. Надворешно, тимот следеше многу поразличен аеро концепт, кој ни овозможи значаен напредок во аеродинамичката ефикасност. Се на се, излегува на површина нашата нова филозофија на соработка помеѓу аеро инженерите и дизајнерите коja би донелa максимално позитивни резултати. Ние се надеваме дека овој болид, FW41, ќе биде способен за подобрување на резултатите на неговиот претходник."
Клер Вилијамс, вели: "Мило ми е што ја започнавме новата сезона, го презентираме новиот болид FW41. Kомплетниот наш тим работеше деноноќно во развојот и конструкцијата на болидот и со нетрпение очекувам што Ленс и Сергеј ќе направат со него на патеката."
>
Секако, останува да видиме дали двајцата возачи на Вилијамс, Ленс Строл и Сергеј Сироткин ќе бидат "кадарни" да го извадат максимот од него. Од сенка својата шанса ќе ја чека Роберт Кубица, како резервен и тест возач.
FW41 своето деби на асфалтот ќе го има на првиот ден од првата пред сезонска тест сесија во Барселона.
2018 Ф1 сезоната официјално започнува на 25 Март со трката за Големата Награда на Австралија.
П.С.
По презентациите на два 2018 болиди, ајде од ХАС тоа и се очекуваше, но Вилијамс ни потврди дека Ферари го имал најдоброто решение барем кога се во прашање страничните отвори на болидот. Нивниот дизајн не беше лесен за копирање за време на минатата сезона, но сега изгледа дека многу од новите болиди ќе го копираат нивното дизајнерско решение.
Секако Формула 1 е натпревар на иновации, но и учење од останатите :).
Од друга страна, Ферари го има ова решение веќе една година, па затоа треба да ги знаат маните и како да го извлечат најдоброто од ова решение. Сега ни станува појасно зошто Тото Волф упорно изјавуваше дека во Ферари ја имаа својата шанса минатата сезона, но не успеаа да ја искористат поради лошата ПЕ, слабата издржливост и возачки грешки.
Ladies and gentlemen, meet the Williams Mercedes FW41 😍— WILLIAMS RACING (@WilliamsRacing) February 15, 2018
Full story here 👉 https://t.co/3H6FpGDBZg #FW41 #WeAreRacing #F1 #WilliamsLaunch pic.twitter.com/yMvJ6rYlX4
— WILLIAMS RACING (@WilliamsRacing) February 15, 2018