Како и секоја година, стартот на Големата Награда на Мексико Сити беше еден од најинтензивните и најзначајни моменти на трката.
Италијанските новинари извршија реконструкција на она што го видовме од гаснењето на црвените светла до првиот свиок.
Многу работи се случија во тие петнаесет секунди, некои од нив доста интересни, но неизбежно беа изгубени во жештината на моментот.
Штом се гасат светлата, првото нешто што го забележувате е дека Норис и Хамилтон се меѓу возачите кои имаат добар старт.
Чарлс Леклер има проблеми со грипот и неговите тркала пролизгуваат. Моначанецот се чини дека се соочува со два проблеми: проблематичен старт и позиција на валканата страна од патеката, што го спречува да добие добар грип.
Оттука, влегува во игра заветрината. Еден од клучните фактори, и во реалноста и во умот и однесувањето на возачите, е наоѓањето добра заветрина од болидот пред себе.
Ландо Норис има јасна цел. Во првите неколку метри, тој продолжува по права линија, со што отстапува место не на болидот најблиску до неговиот, на Леклер, туку на оној позади, на Хамилтон.
Поради оваа причина, британецот првично вози право без да го покрива Леклер, претпоставувајќи дека го забележал и проблематичниот старт на моначанецот.
Затоа гледаме дека Леклер е тој што ја пресекува патеката за да го следи Норис и да влезе во неговата заветрина, а во тој момент го блокира својот тимски колега, Луис Хамилтон.
Со Леклер многу блиску напред, Хамилтон е принуден малку да ја испушти педалата за гас, за 11%. Потоа, снемувајќи простор од левата страна, тој ги замени позициите со Леклер и се премести од десната страна на Моначанецот, враќајќи ја ногата на педалот за гас.
Луис беше побрз од Леклер, сè уште одржувајќи го моментумот на подобиот старт и на тој начин можеше да почне да го пристигнува Ферарито со број 16.
Во овој момент, Норис, уште еднаш многу интелигентно, и веројатно намерно, одлучи да ја искористи ситуацијата, преместувајќи се кон внатрешната страна кон првиот свиок.
На овој начин, тој повторно ја прекинува заветрината на Леклер и почнува да се заштитува за влез во првиот свиок, до кој има уште околу 700 метри.
Леклер и Хамилтон веднаш го следат Мекларенот на Норис на десната страна на патеката. Сепак, Хамилтон сега е во привилегирана позиција, бидејќи е од десно до Леклер, и се позиционира во заветрината на Норис.
Леклер се обидува некако да фати барем дел од заветрината од болидот на Норис и се приближува многу до Хамилтон, продолжувајќи покрај Ферарито на тимскиот колега на само неколку сантиметри неколку секунди, со брзина од околу 250 км/ч.
Ферстапен, во меѓувреме, го помина Џорџ Расел и се позиционира во заветрината на Леклер. Како што брзините се зголемуваат над 250 км/ч, ефектот на заветрина станува сè поизразен.
Двајцата возачи кои можат најмногу да имаат корист од тоа се Хамилтон и Ферстапен. Холанѓанецот се приближува до Леклер додека речиси не го допре, а потоа скршнува налево, единствената преостаната можност, со оглед на тоа што Леклер е целосно блокиран од Хамилтон од десно, и почнува да се движи покрај него.
Луис Хамилтон, пак, е заглавен во заветрината на Мекларенот, надминувајќи 300 км/ч и има разлика во брзината во негова корист од околу 8 км/ч во однос на Леклер и речиси 14 км/ч во однос на Норис. Проблемот е што нема место за маневар!
Во тој момент, тој е принуден да ја тргне ногата од педалата за гасот, а телеметријата покажува дека тоа го прави за неверојатни 27%, вкупно околу 2.1 секунда.
Значајна бројка во толку важен момент. Хамилтон треба да излезе оттаму и се обидува да се пробие налево, каде што е Леклер.
И тука е можеби единствениот момент на некаков вид соработка помеѓу двајцата возачи на Ферари. Наместо да го држи Хамилтон заробен зад Норис, како што е логиката, Леклер почнува да ослободува простор за Хамилтон, да се обиде да го нападне Норис.
Во овој момент, Норис е најбавен од четворицата, без никаква заветрина цело време. Хамилтон речиси успева да се приближи до него, а четворицата пристигнуваат приближно еден до друг на точката на сопирање.
Леклер, правејќи простор за Хамилтон, го турка Ферстапен кон надвор и Ред Булот мора да помине врз рабниците. Холанѓанецот губи премногу грип, неговиот болид макратко губи контрола и се упатува право кон тревата.
Хамилтон и Леклер се судрија странично, но за среќа за нив, сè помина без никакви проблеми. Норис направи совршен маневар за сопирање одвнатре, со мала предност, и го презеде водството.
Ландо стигна до крајот на правецот со иста брзина како и неговиот сонародник, 312 км/ч. Ова беше извонредно со оглед на тоа што Норис стартуваше од пол позицијата и можеше да се потпре само на својата погонска единица и аеродинамичната ефикасност на својот болид.
Се чини дека, значително помогна тоа што Мекларенот беше затворен во својата каросерија. Леклер достигна 314 км/ч, Ферстапен 320.
Телеметријата покажува дека Ферстапен и Леклер се побрзи од оние што остануваат на патеката. Ферстапен и Леклер го пропуштат Мекларенот. Холанѓанецот потоа го пропушта и Хамилтон, кој помина низ свиоците 2 и 3 залепен зад Норис на второто место, но Леклер решава дека не е потребно да го пропушти својот тимски колега.
Од сите можни достапни податоци е реконструирана точната позиција на болидите на Ферари во моментот кога Леклер одлучува да вози директно низ тревата.
Во тој момент, болидот на Хамилтон беше пред болидот на Леклер. Според пресметките, Луис имаше предност од околу четири метри во однос на својот тимски колега.
Во рок од неколку круга, Хамилтон ќе се најде нападнат од Ферстапен и ќе ја добие казната што ќе му ја уништи трката.
Интензитетот на настаните што се одвиваа во тие секунди од гаснењето на црвените светла до првиот свиок е доказ за тоа што значи да се биде Формула 1 возач, со огромниот притисок да се носат клучни одлуки во делови од секундата.
Генерално, Норис изведе извонредно добар старт, Хамилтон исто така беше доста добар, додека пак перформансите на Леклер не беа на достојно ниво, но подоцна тој ќе се ивади со уште една одлична трка.
АНАЛИЗА НА СТАРТОТ ВО МЕКСИКО СИТИ
10/28/2025 11:37:00 AM
0
Share to other apps












