Ландо Норис е победник на возбудливата трка за Големата Награда на Мексико Сити, полна со изненадувања и блиски дуели, за сите освен за британецот.
Откако избега од хаосот во првиот свиок, возачот на Мекларен се збогуваше со конкуренцијата и доминантно стигна до првото место, без дополнителни грижи за гумите или потребата да се избегне прегревање на делови од болидот.
Перформансите на Ландо во Мексико Сити беа извонредни, а тој го завршува патувањето во Централна Америка како нов лидер во шампионатот на возачи, со еден поен предност пред Оскар Пјастри и 36 пред Макс Ферстапен.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
Сепак, како што споменавме, зад Норис кој ја помина целта далеку пред сите и практично не беше прикажан од режисерот на трката, се водеше жестока битка од самиот старт, при што Чарлс Леклер, Ферстапен и Џорџ Расел ја пресекоа првата шикана.
Луис Хамилтон пак, беше казнет од стјуардите затоа што доби предност со пресекување, неколку круга подоцна, во 4-от свиок, во обид да се спротивстави на нападот на неговиот поранешен лут ривал, Макс Ферстапен.
Со обратна стратегија од сите други, Холанѓанецот мораше да страда во првиот дел од трката на жолтите гуми, за потоа да нападне во финалниот стинт на црвените гуми.
Тактика што му овозможи да се искачи на третото место, речиси претекнувајќи го Чарлс во последните кругови, кој, сепак, успеа да ја одбрани својата позиција и благодарение на режимот на виртуелно безбедносно возило, воведен за да им се овозможи на маршалите да го отстранат болидот на Саинц Јр., која запре на патеката во делот на стадионот поради технички проблеми.
Многу блиску до подиумот беше сензационалниот Оливер Берман, кој авторитативно го држеше третото место подолг период од трката, поттикнувајќи ги соништата на тимот на Хас, кој никогаш претходно не стигнал до победничкиот подиум во Формула 1.
Англичанецот, член на младинската академија на Ферари, го задржа Пјастри зад себе, кој на стартот од загуби две позиции и се најде на деветтото место. Се што можеше да направи подоцна е што се искачи до петтото место.
Шестото место му припадна на Кими Антонели, победувајќи го својот тимски колега, Расел. Многу чудна и невообичаена комуникација помеѓу стратегистите на Мерцедес АМГ, кои се избламираа на оваа трка.
Луис Хамилтон сонуваше за Победа, но на крајот заврши осми по казната од десет секунди што го елиминираше и од борбата за подиумот.
Естебан Окон со деветтото место го комплетираше големото славје на тимот Хас, а Габриел Бортолето, со болидот на Заубер го освои последниот достапен поен.
Карлос Саинц Јр., Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг и Лиам Лосон не ја завршија трката.
Битката ќе продолжи за две недели во Бразил, со трката за Големата Награда на Сао Пауло, викенд каде се враќа Спринт форматот.
НОРИС САКА ДА БИДЕ ШАМПИОН, ПОБЕДНИК ВО МЕКСИКО И ВОДСТВО ЗА ТИТУЛАТА
10/26/2025 06:30:00 PM
0
Share to other apps








