Само неколку места во календарот го отелотворуваат духот на Формула 1, а едно од нив секако е патеката Силверстоун.
Британската патека е местото каде што се започна во 1950-тата година со одржување на првата трка во историјата на модерната ера на Формула 1 Шампионатите.
Првата трка во Формула 1 се одржа на 13 мај 1950 година.
Првата трка со саботен спринт се одржа исто така во Силверстоун на 18 јули 2021 година.
Овој викенд ја одбележува 28-та трка со саботен спринт во историјата на Формула 1.
Помина малку време, но јавноста се навикна на овој формат, кој има свои слабости, но сепак е подобар од другите вештачки решенија што функционираат во младинските шампионати.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Патеката сега со главното обележје во форма на авионско крило на стартно-целниот правец, не е ни малку слична на трускавиот аеродром на кој се одвиваше инаугуративната трка, но сепак останува чувството дека сте на посебно место.
Таа останува домаќин на Големата Награда на Британија до 1954 година, кога го дели настанот со Ајнтри од 1955-1962 година, а од 1963-1986 со Брендс Хеч. Од 1987 година па наваму Силверстоун е единственото место за одржување на овој настан.
Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи свиоци на почетокот и голем број на бавни свиоци кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како едни од најсложените комбинациии на свиоци во шампионатот.
Силверстоун е широка патека со многу место за излетување околу повеќето свиоци, така што ризикот за излегување на безбедносното возило е минимален. Згора на тоа, маршалите покрај патеката се рангирани меѓу најдобрите во светот, па повеќето инциденти се расчистуваат брзо и ефикасно.
Постојат многу брзи свиоци кои овозможуваат одлични можности за претекнување. Возачите можат да пренесат многу брзина во нив, но, исто така, и да се движат по различни линии при нивното поминување и при излезот, што во суштина е она што доведува до претекнување.
Возачите за загревачкиот круг ќе тргнат во 15 часот по локално време, кога ќе имаме облачно небо, а воздухот ќе се загрее до 26 степени со посилен северозападен ветер.
Често се вели дека е загарантирано дека ќе врне барем еден ден за време на викендот во Силверстоун, но овој пат тоа нема да биде случај. Веројатноста за врнежи е 0%.
Трката за Големата Награда на Британија, која се состои од 52 круга, од стратегиска гледна точка на Пирели, доколку имаме сува патека, ќе биде трка со едно застанување за промена на пневматиците.
Најбрзиот избор е да се вози со жолти и бели, со застанување во бокс помеѓу 24-тиот и 30-тиот круг.
Како и секогаш, стратегијата зависи и од тоа кои гуми им се преостанати на возачите, и какви ќе бидат временските услови. Колку се пониски температурите, толку повеќе се фаворизираат помеките смеши.
Дарио Марафуски, Пирели: "Сите достапни смеши за овој викенд се покажаа како валидни опции за обликување на стратегиите за трката. Нивоата на деградација, генерално, пониски од очекуваното, веројатно и благодарение на начинот на кој сегашните болиди управуваат со енергијата на оваа патека."
"Поради оваа причина, според нашите симулации, стратегијата со едeн пит-стоп е околу 13 секунди побрза од две запирања во бокс."
"Огромното мнозинство тимови ги користеа жолтите гуми за Спринтот, па очекуваме и таа да биде најчестиот избор за почетокот на трката."
"Жолтите гуми покажаа доволно конзистентни перформанси и можат да понудат добра стратешка флексибилност во случај на неутрализација на трката."
"Најбрзата стратегија вклучува користење на C2 во почетната фаза од трката, а потоа префрлување на белите гуми помеѓу 24-тиот и 30-тиот круг."
"Можна алтернатива е комбинацијата жолти-црвени, со запирање во боксот закажано помеѓу 29-тиот и 35-тиот круг."
"Алтернативно, може да се избере стратегија со стартување на бели гуми, проследено со стинт на жолтите гуми, или започнување на трката со црвените и завршување на белите гуми."
Нортхемптоншир е долината на светскиот мотоспорт. Сите добавувачи и производители на Формула 1 се базирани овде, а тука работат најдобрите менаџери, инженери и механичари. Речиси е невозможно да се привлече персонал во Италија, Швајцарија или САД, дури и за многу пари.
Друга традиција е променливото време. Во 2000 година, трката беше преместена во април, а за време на викендот патеката беше толку поплавена што гостите на престижниот падок клуб беа буквално до колена во кал. Сообраќајниот метеж достигна дваесет километри.
Оваа приказна е далеку зад нас, па челниците размислуваат да доделат перманентно место во Ф1 календарот за колевката на мотоспортот, Силверстоун.
Трката во Силверстоун во последниве години обично беше средината на сезоната, но оваа година, по откажувањето на трките во Бахреин и Саудиска Арабија, календарот е сè уште отворен и не е јасно колку трки ќе има и каде ќе заврши сезоната.
Желбата за зголемување на бројот на трки е разбирлива, организаторите на настаните се подготвени да платат дебело за место во календарот, а доколку едно место не е достапно, неколку други ќе го заземат нивното место.
Но, колку е потесен календарот, толку повеќе зависи од надворешни фактори, што го отежнува придржувањето кон него. А европските настани изгледаат посигурни од оние на гостински терен.
Во текот на изминатите десет години, единаесет од 221 закажани настани беа откажани. Причините се движеа од пандемијата до политиката и времето.
Финалето на календарот за оваа година ќе биде потврдено кон средината на јули, за време на Големата награда на Белгија. Ќе биде интересно да се види како ќе заврши.
Опцијата Барселона и Портимао на крајот изгледа поинтригантна од верзијата со две трки во Вегас.
Статистиката за 2026 сезоната укажува на недостаток на конкуренција, бидејќи Мерцедес АМГ има седум победи во осум трки.
Доколку продолжат со својата доминација, судбината на Шампионатот на конструктори би можела да ја одлучи Сингапур.
Шампионската титула кај возачите традиционално е покомплицирана.
Минатата година, Кими Антонели имаше слаб европски настап, а нема многу успех ниту оваа година, па Џорџ Расел брзо ја намалува разликата. Кими има 15 поени на последните две трки во споредба со 43 на Џорџ.
Трите преостанати трки пред летната пауза ќе бидат клучни. Моментално, 43 поени ги делат тимските колеги од Мерцедес АМГ.
Ако во оваа битка се вмешаат Хамилтон и Ферстапен, ќе биде фасцинантна за гледање.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА БРИТАНСКОТО ГРАН ПРИ
7/05/2026 11:36:00 AM
0
Share to other apps








