Ферари повторно најбрз и на третиот тренинг во Остин, но овој пат, Луис Хамилтон беше нивниот најбрз возач. Добар настап на Британецот, по вчерашните проблеми
Чарлс Леклер заврши трет, но откако неговиот најбрз круг, што повторно ќе го пласираше на првото место, беше поништен поради непочитување на границите на патеката.
Макс Ферстапен се смести помеѓу двата возачи на Ферари, колку за да имаме поинтересна битка за Пол позицијата. Следуваа возачите на Мерцедес АМГ, Антонели повторно пред тимскиот колега, но речиси половина секунда зад најбрзото време на Ферари.
Италијанецот беше уште еден возач на кого му беше избришано најдоброто време поради надминување на границите на патеката. Проблемот кој може да се покаже како одлучувачки во битката за што подобра стартна позиција.
Следно на програмата се Квалификациите, закажани за 23:00 часот по Македонско време каде ќе биде одреден стартниот редослед за неделната трка, која започнува во 21:00 MK.
Не заборавајте вечерва треба да ги поместите стрелките на часовниците еден час поназад.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По две тренинг сесии во кои доминираше Чарлс Леклер, третата почна да открива повеќе за претендентите за Пол позиција.
Патеката во Остин е целосно сува, а температурата е 38 степени Целзиусови. Овој пат немаше многу брзање за излегување на патеката.
Серџо Перез беше првиот што го стори тоа, а по него следеа Габриел Бортолето и Франко Колапинто. Мексиканецот го имаше првото забележано време со 1:39.880.
По мирните први десет минути, некои од водечките тимови се одлучија за старт на акцијата. Луис Хамилтон стартуваше со црвени гуми и брзо се искачи на првото место со време од 1:36.716.
Макс Ферстапен го подобри тоа време на 1:35.702, додека Чарлс Леклер заостануваше две десетинки. И двајцата беа на жолти гуми и јасно ги победија возачите на Мекларен и Мерцедес АМГ, кои беа на црвени гуми.
По многу подобрувања, Леклер беше најбрз со 1:35.127 во првите стинтови, користејќи ги жолтите гуми, победувајќи ги Хамилтон за две десетинки и Антонели за три. Ферстапен, Норис и Пјастри беа следни во поредокот.
Со помалку од 20 минути до крајот на сесијата, црвените гуми станаа примарна опција за вторите излегувања на патеката, и секако следуваа побрзи времиња.
Возачите на Мерцедес АМГ беа првите со најбрзата смеша на Пирели, а Антонели се искачи на првото место, но неговото време подоцна беше избришано.
Кратко потоа, Луис Хамилтон постигна време од 1:34.893, победувајќи ги Макс Ферстапен и Чарлс Леклер за околу две десетинки.
Возачите на Мерцедес АМГ и Мекларен се обидоа да ги стигнат, но тоа беше доволно само за да се пласираат во топ 3.
На крајот, времето на Хамилтон беше најбрзо во сесијата, пред Ферстапен, Леклер, Антонели, Расел и Пјастри.
Нико Хулкенберг беше изненадувањето на денот, победувајќи го Ландо Норис и завршувајќи седми. Пјер Гасли и Исак Хаџар ги комплетираа најбрзите десет возачи.
ФЕРАРИ ДОМИНИРА, ПРВ ФАВОРИТ ЗА ПОЛ ВО ОСТИН
10/24/2026 07:14:00 PM
0
Share to other apps






