Луис Хамилтон ја забележа првата Пол позиција со Ферари на Големата Награда на Мексико. Британецот го победи Џорџ Расел за само девет илјадити делови од секундата.
Леклер се квалификуваше трет, а Ферстапен четврти, иако Холанѓанецот ќе стартува петти поради казна за инцидентот со Лиам Лосон на петочниот тренинг.
Ова ќе му користи на Антонели, кој ќе ја наследи четвртата позиција и ќе ја започне трката со единстена цел да ја освои својата прва шампионска титула. Потребно му е само да заврши меѓу првите девет.
Лиам Лосон и Арвид Линдблад, осми и деветти соодветно, доминираа во борбата на средниот ред. Пјер Гасли, десетти со Алпин, го комплетираше поредокот на најбрзите десет возачи.
Неколку моменти претходно, Q2 донесе едно од најголемите изненадувања на денот со елиминирањето на Мекларен на Оскар Пјастри, кој успеа да се пласира само на тринаесеттата позиција.
Формула 1 се враќа во акција со трката за Големата Награда на Мексико Сити, која започнува во 21:00 часот по Македонско време.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Q1: Црвено знаме и рана елиминација за Алонсо...
По само девет минути од првата сесија беа развеани црвените знамиња. Фернандо Алонсо беше принуден да го паркира својот болид на патеката поради дефект поврзан со ЕРС системот.
Дополнително, Исак Хаџар имаше избришано време поради излегување надвор од границите на патеката.
Луис Хамилтон ја заврши сесијата како најбрз, пред Хаџар и тимскиот колега Чарлс Леклер.
Елиминирани беа: Алекс Албон, Фернандо Алонсо, Рио Хиракава, Ленс Строл, Серџо Перез и Валтери Ботас.
Q2: Шок за Мекларен и Оскар Пјастри...
Вториот сегмент донесе огромно изненадување. Оскар Пјастри не успеа да се пласира во Q3, завршувајќи на П13, бидејќи имаше потешкотии да ги доведе гумите до соодветна температура на разладената патека.
Хамилтон и Ландо Норис излетаа во своите први обиди, но успеаја да постават сигурни времиња во последните моменти од сесијата.
Елиминирани во Q2: Нико Хулкенберг, Франко Колапинто, Оскар Пјастри, Габриел Бортолето, Оливер Берман и Карлос Саинц Јр..
Q3: Добар круг на Хамилтон и грешка на Ферстапен...
По првите брзи кругови, Чарлс Леклер водеше пред Макс Ферстапен. Сепак, во клучните завршни моменти, Хамилтон извлече максимум од своето Ферари и со време 1:16.514 ја освои првата позиција. Неговиот поранешен тимски колега, Џорџ Расел, се пласираше веднаш до него на првиот стартен ред.
Макс Ферстапен направи грешка, блокирајќи ги тркалата во стадионскиот дел, поради што мораше да се задоволи со четвртото најбрзо време. Поради казната од една стартна позиција што ја доби во петокот, Ферстапен ќе стартува од П5.
Тоа го промовира Кими Антонели на четвртата стартна позиција, со што Италијанецот е во одлична позиција да ја завери шампионската титула.
ЛУИС ХАМИЛТОН СО ПРВАТА ПОЛ ПОЗИЦИЈА СО ФЕРАРИ
10/31/2026 09:23:00 PM
0
Tags
Share to other apps




