Кими Антонели сака што поскоро да стане шампион.
Младиот Италијанец се враќа на Пол позицијата, негова прва по Белгија, на трката за Големата Награда на Соединетите Држави. Тој го победи Макс Ферстапен, а утре ја има својата прва меч-топка.
Неговиот прв круг во Q3 беше неверојатно брз, хируршки прецизен, а неговите ривали не успеаја да возвратат. Тој повторно направи значителна разлика во однос на Расел, а уништувањето на Џорџ во рамките на тимот продолжува.
Исак Хаџар за малку ќе го победеше Макс, па слободно можеме да заклучиме дека Холанѓанецот не успеа да го извлече максимумот од својот болидот. Што се случи при неговиот втор брз круг?!? Како и да е, ќе има добра битка за Победата, но се зависи од стартот и редоследот по првиот круг.
Што се однесува до Ферари, па, сите веќе добро се изнасмеаја на нивна сметка. Делумно оправдано, делумно неоправдано во овој случај. Луис Хамилотон се подобри половина секунда во однос на Q2 времето за П5, но Чарлс Леклер беше побавен во Q3. Да се подобреше барем две десетинки, ќе беше на Пол.
Јасно е дека им недостасува тој завршен чекор. Сега сè зависи од нивното тркачко темпо и од тоа дали нивните стратези ќе успеат да ги менаџираат возачите, за да не си пречат еден на друг.
Впечатливо е колку брзо се променија работите. Не така одамна, со вакви стартни позиции, ќе очекувавме Чарлс и Луис да бидат во водство уште пред првиот свиок.
Слабо издание на Мекларен. Веројатно немаа потенцијал за Пол позиција, но сепак, реализацијата беше прилично бледа. Се чини дека тимот тргнал во погрешна насока во развојот на болидот.
Одлична работа за Рејсинг Булс, кои сега се петтиот најдобар тим. Најдобриот мотор на гридот многу им помага. Добра тимска игра, Лиам Лосон не постави време за да не го победи тимскот колега, кој има казна од пет стартни места.
Хулкенберг, од друга страна, не успеа да го извлече максимумот за Ауди, едноставно не успеа да состави еден чист круг. Сега ќе му треба силен старт, сличен на оној што го имаше во Сингапур.
Прилично слаб настап на Хас, а за Вилијамс вистинска катастрофа.
Формула 1 се враќа во акција со трката за Големата Награда на Соединетите Држави, која започнува во 21:00 часот по Македонско време. Се надеваме дека веќе ги наместивме часовниците на новото зимско сметање на времето.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
КИМИ СО МАГИЧЕН КРУГ ГО ПОБЕДИ ФЕРСТАПЕН ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
10/24/2026 09:24:00 PM
0
Share to other apps





