SAUBER C30
Еден од трите Ф1 тимови кои денес во Валенсија ги презентираа своите болиди за новата сезона беше и Заубер, кој го претстави својот нов натпреварувач со ознаката Ц30. Од овој Швајцарки тим се надеваат дека ќе имаат побрз болид, но истовремено и поконзистентен, постабилен, поиздржлив, што би допринело за освојување на повеќе поени во трките. Болидот на Заубер ќе биде придвижуван со моторите на Ферари, има висок нос, што се наметнува како стандард за новава Ф1 сезона, a задниот спојлер е флексибилен во согласност со новите правила. Ќе го имаат и КЕРС-ситемот во своите болиди, кој исто така ќе е производство на Ферари, а ќе го користат и нивниот менувач.
Питер Заубер, директорот на тимот изјави:
"Ние сакаме да завршуваме во поени редовно и да ја подобриме нашата позиција во светскиот шампионат во овој врвен мотоспорт. Сезоната 2010 ја одбележа 41-вата година од постоењето на нашата компанија и беше една од најтешките. Никогаш досега сме немале толку проблеми со издржливоста, но ние успеавме да ги надминеме во втората половина од сезоната. Воведовме промени во раководната структура. Назначувањето на James Key како технички директор веќе вроди со плод минатата сезона, и тој е сега задолжен за развој на Заубер Ц30. Во исто време, успеавме да се обезбедиме и на финансиски план за 2011 година."