JAPANESE GRAND PRIX (Suzuka)
3/05/2011 07:32:00 PM
Кога е изградена патеката?
Во 1962 година, Соичиро Хонда, за чија автомобилска компанија можеби сте слушнале, бил човек со големи амбиции. Обидувајќи се да ја претвори Хонда во автомобилски центар на светот, тој одлучил дека неговата компанија треба да има своја тест патека. Холанѓанецот Џон Хугенхолц ја доби задачата да ја конструира и ја нацрта сега веќе исконската патека Сузука, која на оригиналните цртежи се пресекувала на три места. Но финалната верзија имаше само едно пресекување.
- Кога беше првата трка?
Јапонската патека се појави релативно доцна во Ф1 календарот, и беше за прв пат домаќин на трка во 1987 година. Најџел Менсел добро ќе се сети на тој викенд, откако доживеа инцидент на квалификациите што го исклучи од трката, подарувајќи го шампионатот таа година на неговиот лут ривал Нелсон Пике.
- Каква е патеката?
Покажете ни возач кој не ја сака Сузука, а ние ќе ви покажеме лажго. Брза патека која останува еден од најголемите предизвици за возачите, со "S" кривините и најпознатиот 130R свиок. Имаме пресекување на патеката, што секогаш е добра крактеристика.
Share to other apps