SINGAPORE GRAND PRIX (MARINA BAY STREET CIRCUIT)
3/05/2011 07:47:00 PM
Кога е изградена патеката?
Марина Беј во Формула 1 се појави во 2008 година. Улична патека чија спектакуларна позадина се познатите облакодери на Сингапур. Првичниот план на патеката на Херман Тилке беше рафиниран од KBR Inc.
- Кога беше првата трка?
Во 2008 година, Сингапур ја имаше честа да биде домаќин на првата ноќна трка во историјата на Формула 1. Трката, 15-та од таа сезона, се покажа како огромен хит кај тимовите и возачите, додека Фернандо Алонсо со Рено забележа контроверзна победа.
- Каква е патеката?
Марина Беј патеката е една од физички најтешките во календарот, нејзиниот нерамен асфалт во комбинација со големата влага во воздухот се вистински предизвик за возачите. Дури и со новиот 2023 распоред, со кој од 23 свиоци се намали на 19, мораат да работат многу зад воланот на своите болиди. Физичкиот стрес предизвикува да изгубат дури 3 килограми во текот на трката.
Share to other apps