BAHRAIN GRAND PRIX (Bahrain International Circuit)
3/06/2011 07:18:00 PM
Кога е изградена патеката?
Патеката се градеше во 2003 и 2004 година. Трошоците, 150 милиони долари, ги покри владата на Бахреин. Дизајнирана е од Херман Тилке. Патеката Сакир не беше целосно подготвена за својата прва трка, но беше доволно добра за да одржи инаугуралната трка. После тоа беа комплетирани завршните детали.
- Кога беше првата трка?
2004 беше година кога возачите за прв пат се наредија на гридот под невообичаено облачно небо за Големата Награда на Бахреин. На трката доминираа двата болиди на Ферари, а победник беше Михаел Шумахер. Трката ќе остане запаметена по фантастичната битка помеѓу Марк Вебер со болидот на Јагуар и Фернандо Алонсо со Рено.
- Каква е патеката?
Обично може да се очекуваат извонредни трки и пристоен број на претекнувања во Бахреин, додека возачите треба да се борат со ветер, трки под рефлектори и тешкотии да го пронајдат најдобриот баланс на болидот поради големите температурни флуктуации помеѓу сесиите. Најпредизвикувачката точка на патеката е тесниот 10-ти лев свиок, додека брзото возење низ свиокот 12 е уште еден белег, што им овозможува на тркачите навистина да ги почувствуваат нивните болиди.
Share to other apps