GRAN PREMIO DE ESPAÑA (Circuit de Barcelona-Catalunya)
3/06/2011 07:06:00 PM
Кога е изградена патеката?
Патеката Каталуња е изградено како дел од програмата за развој на Олимписките игри во Барселона во 1992 година. Камен-темелникот беше поставен во 1989 година, додека првата трка со автомобили беше трка од Шпанското првенство во туринг автомобили во 1991 година.
- Кога беше првата трка?
Две недели по трката со туринг автомобилите, дојде ред на Формула 1. Патеката имаше сензационално деби, со познатиот дуел на Најџел Менсел и Аиртон Сена на стартно/целниот правец, пред Менсел да поведе и да стигне до победата.
- Каква е патеката?
Возачите ја сакаат патеката Каталуња, бидејќи повеќето од нив ја познаваат на памет по бројните тест сесии поминати на неа. Но, во последно време приматот и го зеде патеката во Бахреин. Каталуња е мешавина од брзи и бавни свиоци, со предизвикувачкиот трет свиок, кој претставува одлична шанса за проценка на балансот на болидот и негова успешност за тековната сезона.
Share to other apps