Кој ќе победи во Австралија, ова се моите три фаворити
Оваа тест сесија во Барселона не покажа многу новини, најбрзите се тие што беа, Ред Бул и Ферари, следуваат Рено, Мерцедес ГП, имаат побрз пакет од минатата тест сесија, и да речеме Мекларен, со оглед на тоа што тоа е голем тим со многу вработени и голем буџет, па може да реагира на проблемите за брзо време.
Ред Бул и Ферари со стандарна програма, стандардно брзи и издржливи болиди, со малку ситни проблеми. Ќе ја водат битката за првите места во Австралија. Тука донекаде може да го вметнеме и тимот на Лотус-Рено
Михаел Шумахер на четвртиот ден на тестирање имаше време од 1:21.2, иако на квалификационен сет-ап на болидот, што е многу импресивно време, а подоцна истото го направи и Нико Розберг со малку гориво имаше 1:21.7. Прашање е сега дали седумкратниот светски првак Михаел Шумахер се врати и не, дали го покажа својот вистински талент што го гледавме во Ферари, првите две или три трки ќе покажат дали ова беа реални перформанси.
Што се однесува до Мекларен, тимот се мачи со пронаоѓање на вистинските перформанси, но уште поважно издржливоста на болидот не е многу добра, па со овие два проблеми, тие имаат навистина многу работа да направат пред да им се приклучат на Ред Бул, Ферари. Но тоа како што претходно спомнавме е голем тим со голем буџет. Имаа среќа што се одложи/откажа Бахреин ГП. Судејќи по проблемите што ги имаа во Барселона, тие немаше да ја завршат трката.
Следуваат тимовите од средината како што се Торо Росо кој покажа одлични резултати, Заубер, Вилијамс, Форс Индија тоне уште повеќе, па ќе има тешка работа да го задржи минатогодишниот пласман, а можеби ќе биде победен од Лотус(но минус е тоа што не немаат КЕРС), па најслабата тројка сега би ја предводел тимот на Форс Индија. Вирџин стандардно слаби, а додека од тимот на ХРТ не успеаа да соберат доволно делови ни да извозат барем еден круг на патеката во Барселона. Мислам дека нема да ја завршат и првата трка во Австралија.
Друга главна тема за разговор се и гумите на Пирели, кои несомнено ќе бидат главна тема пред, за време и по Австралија ГП. Некои возачи јасно ставија до знаење дека тие не се среќни со нив, иако повеќето не се истрчуваат со изјави во јавноста околу нивниот квалитет. Постои некоја загриженост и за ефикасноста на гумите за дожд на Пирели, кои досега не беа тестирани како треба. Но не знам зошто толку врева кога за нас гледачите би требало тоа да ги направи трките многу поинтересни.
Оваа година имаме и подвижни задни спојлери, но тие се оптеретени со толку многу правила за нивното користење, така да не знам и зошто воопшто ги воведуваа. Ќе има многу нерегулраност на оваа тема. Возачите изјавија дека треба да се биде внимателен кога тие се користат, да не има судири от типот на минатогодишното "полетување" на Вебер. Сите очекуваат да има повеќе претекнување, но дали тоа ќе биде така ќе видиме наскоро, после неколку трки, но во моментот постојат неколку сиви точки во оваа област на Ф1 правилата.
Повеќето возачи во моментов се жалат, особено оние со КЕРС во својот болид, дека мора да притискаат многу копчиња на излезот од секоја кривина, со цел да се зголеми предноста на КЕРС-системот и подвижниот заден спојлер.
Според повеќето аналитичати, во Мелбурн на квалификациите ќе победи најбрзиот болид, а на трката оној што најдобро го проучил однесувањето на гумите, со мала доза на комбинација на КЕРС-системот и подвижното задно крило. Австралија ГП ќе даде одговор на многу неодговорени прашања во овој момент, но едно е сигурно не очекува возбудлива трка!!!
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:22.544 97
2. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:22.910 + 0.366 74
3. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:22.937 + 0.393 27
4. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:24.117 + 1.573 90
5. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:24.735 + 2.191 20
6. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:25.039 + 2.495 38
7. ДАВИД ВАЛСЕКИ ЛОТУС 1:25.406 + 2.862 50
8. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:26.004 + 3.460 48
9. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:26.030 + 3.486 31
10. ЛУИС РАЦИА ЛОТУС 1:26.723 + 4.179 29
11. ЖЕРОМ ДИ АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:32.060 + 9.516 57
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:21.865 112
2. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:22.396 + 0.531s 120
3. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:22.670 + 0.805s 116
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:22.888 + 1.023s 57
5. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:23.324 + 1.459s 101
6. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:24.334 + 2.469s 118
7. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:24.436 + 2.571s 107
8. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:25.807 + 3.942s 100
9. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:26.090 + 4.225s 98
10. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:26.989 + 5.124s 29
11. ЖЕРОМ ДИ АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:28.982 + 7.117s 64
РЕЗУЛТАТИ ОД ТРЕТИОТ ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:21.761 95
2. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:22.092 + 0.331 132
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:22.466 + 0.705 97
4. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:22.637 + 0.876 105
5. МИХЕАЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:22.892 + 1.131 89
6. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:23.541 + 1.780 32
7. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:23.990 + 2.229 40
8. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:24.233 + 2.472 24
9. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:24.334 + 2.573 108
10. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:24.779 + 3.018 107
11. ЖЕРОМ ди АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:27.336 + 5.575 96
12. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:34.485 + 12.724 6
РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТИОТ ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:21.268 67
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:21.614 + 0.346 141
3. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:21.788 + 0.520 22
4. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:22.073 + 0.805 67
5. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:22.233 + 0.965 89
6. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:22.315 + 1.047 98
7. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:22.675 + 1.407 72
8. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:22.933 + 1.665 64
9. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:23.437 + 2.169 138
10. ПОЛ ди РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:23.653 + 2.385 42
11. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:23.921 + 2.653 26
12. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:24.108 + 2.840 11
13. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:25.837 + 4.569 57
14. ЖЕРОМ ди АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:27.375 + 6.107 46
РЕЗУЛТАТИ ОД ПЕТТИОТ ДЕНП. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:43.814 35
2. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:44.333 + 0.519 23
3. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:44.560 + 0.746 33
4. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС 5
5. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 5