Џенсон Батон призна дека Мекларен се уште не е во иста лига како Ред Бул и Ферари. Еве ги неговите согледувања за моменталната слика во Формула 1 спортот.
Што научивте вчера?
Џенсон Батон: Сосема е јасно дека немавме баш најдобар почеток на годината во однос на тестирањата, во однос на километражата, и во смисла на сигурност, но исто така и темпо. Но, мислам дека направивме добар напредок. Не би рекол дека го имаме најбрзиот болид, но сезоната е долга. Јас сум среќен со она што го постигнавме вчера на тест сесијата.
Ние не поминавме онолку кругови колку што јас би сакал, но во однос на "чувството" на болидот направивме некои добри чекори напред. Како што реков, има уште многу работа треба да биде брз како Ред Бул, Ферари, а можеби и уште еден или два тима, но ние се движиме напред и тоа е добро чувство. Момчињата работат напорно на перформансите и на сигурноста, па морам да им се заблагодарам. Ова беше само првиот ден од четири тест дена и се надеваме за многу повеќе километража и подготовки околу подесувањето на болидот. Почуствував прилично добри подобрувања од она што го искусив овде во последниот тест. Болидот не е совршен и не е подготвен за првата трка, но сепак направивме добар прогрес и ние треба да бидеме среќни за тоа.
Која област е вашата најслаба страна, што ви недостасува во моментов, сигурноста или перформансите?
Џенсон Батон: Мислам перформансите. Мислам дека не сме толку брзо како Ред Бул и не знам дали се тука и Ферари. Ние работевме со ниска количина на гориво повеќе, а подоцна се префрливме на полн резервоар, но не направивме промена на подесувањето на болидот, па ние навистина не знаеме каде сме, во болидот се чувствувам релативно добро. Ќе беше убаво ако имав повеќе време за тестирање. Но, имам многу подобро чувство за болидот отколку на последниот тест, што е добро. Имаме уште три дена работа. Јас би сакал повеќе, но тоа е сè што имаме, па ние ќе мора да направиме се како треба.
Дали разликата со најбрзите е нешто што може да се достигне пред Мелбурн, или за тоа ќе биде потребно многу повеќе од тоа?
Џенсон Батон: Јас би бил изненаден доколку им парираме на Ред Бул и Ферари кога ќе стигнеме во Мелбурн. Мислам дека тоа ќе биде изненадување со оглед на километражата што ние ја имаме во споредба со нив, но и темпото во последните тестови во споредба со нив. Но, никогаш не вели не. Јас сум прилично импресиониран со подобрувањето на болидот. Сепак, тоа се уште не е доволно. На оваа тест сесија ќе видиме колку блиску можеме да дојдеме до нив. Но, да се биде на нивното ниво за првата трка е многу неверојатно.
Дали недостаток на downforce е основниот проблем со болидот или тука има влијание и побрзото трошење на гумите одколку на Ред Бул и Ферари?
Џенсон Батон: Јас не мислам така. Не мислам дека имаме побрзо трошење на гумите од другите тимови. Мислам дека и болидите со поголем downforce, а и тие со помал downforce од нас, пак имаат деградација на гумите, едноставно тие се дизајнирани за тоа, и јас не мислам дека тоа има врска со нивото на downforce. Мислам дека сите се мачат со деградација. Тоа е област каде што сите ние работиме напорно за да го имаме најдоброто издание кога ќе стигнеме во Мелбурн. Тоа е Ф1 болид и сакате да го притиснете до максималната граница на издржливоста. Понекогаш чувствувате дека можете да го направите тоа, а потоа одеднаш ви недостига грип. Тимовите кои ќе ги разберат гумите ќе се претстават добро на првата трка.
Дали проблемот со недостаток на перформанси се сведува на недостатокот на некои делови или недостаток од време за тестирање?
Џенсон Батон: Мислам дека болидот е добар, но дали е исклучителен, јас во моментот навистина не знам. Тоа е бидејќи не сум имал доволно време во болидот, доволно километража и доволно работа на подесувањето на истиот. Петок е важен ден за мене. Тоа е мојот последен ден во болидот пред првата трка и тоа е значаен ден, па се надевам дека ќе можеме да направиме корисна работа околу подесувањето на болидот, затоа што вчера извозев 74 круга, но не искористив голем број на гуми, па ние имаме многу гуми на располагање за во петок и ќе можеме да завршиме многу корисна работа околу подесувањето на болидот.
Дали болидот е попредвидлив и конзистентен отколку што беше пред две недели?
Џенсон Батон: Јас мислам дека е. Значи ние треба да бидеме задоволни со напредокот што го направивме, но тоа се уште не е доволно да се бориме за Победа. Но, ние се движиме во вистинската насока, што е добро.
Значи, ако сте третиот најбрз тим во Мелбурн тоа ќе биде големо достигнување по сите проблеми што ги имавте за време на тестирањето?
Џенсон Батон: Нема да бидеме среќни ако бидеме третиот најбрз тим, но јас мислам дека тоа нема да биде лош начин да започне сезоната. Можете да направите многу од таа позиција. Со оглед на последните неколку тестови и нашето темпо, ќе бидеме релативно задоволни со тоа.
Но, не постојат гаранции сте третиот најбрз тим?
Џенсон Батон: Јас не реков дека сме, туку реков дека ќе бидеме релативно среќни ако тоа бидеме во Мелбурн! Јас немам поим кој е најбрз. Ќе ви кажам дека Ферари и Ред Бул се постојано многи добри. Освен тоа, се чини дека многу различни болиди, беа најбрзи во различни денови. Навистина ништо не се знае. Ако сте во првите три тимови, тогаш се наоѓате во добра позиција за стартот на сезоната. Освојувањето на поени на почетокот на сезоната е многу важен момент. Треба да ги разбереме гумите и својот болид.
Дали ви се допадна носот на болидот?
Џенсон Батон: Мене всушност многу ми се допадна. Беше сосема добар и прилично брз, така да можеби ќе побарам да го задржиме!
Дали гледаше добро поради него?
Џенсон Батон: Да тоа е во ред, носот на нашиот болид е прилично ниско поставен во споредба со другите болиди. Можеме добро да гледам. Тоа е уред кој врши проверка на одредени работи на болидот, па тоа не е нешто што ние ќе го имаме во трките.
Дали квалификациите ќе се сменат оваа година, дали ќе имате само еден брз круг?
Џенсон Батон: Тие ќе бидат незгодни и не знам дали би требало да кажам нешто. Меѓу гумите во текот на трката и квалификациите ќе има голема разлика. Квалификациите ќе бидат многу, многу интересни. Не треба да се каже ништо друго.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.