Мора да видиме и малку од ова, инаку Ред Бул ќе ги обезбедат титулите на половина од сезоната
Како што кажавме Мекларен е голем тим со многу вработени и голем буџет, па така за нив не претставуваше проблем целосно да го заменат нивниот нов радикален дизајн на ауспухот(работава излезе зошто сложено кога може едноставно) со поедноставен издувен систем и нов под за австралиското Гранд При, по сите проблеми со болидот пред стартот на сезоната.
Мартин Витмарш очекува една секунда по круг од овие промени:
"Не бев задоволен од перформансите и издржливоста наболидот на тест сесиите. Затоа ние направивме некои доста драматични промени, промени што ќе видиме во Австралија. Има доза на ризик, но мислам дека тоа беше вистинската работа да се направи и ние се надеваме дека тој ризик ќе го направи болидот многу поконкурентен во Австралија."
"Ние имаме целосно нов под и нов издувен систем. Постојат и многу други промени, но тоа е што јасно ќе се примети од страна на луѓето кои ќе не гледаат во Австралија. Мислам дека ова сепак ќе биде незгоден викенд, но јас сум полн со надеж. Mислам дека тоа е вистинската одлука, и дека ќе бидеме секунда побрзи во нашите перформански."
СРЕЌНО, НА ФОРМУЛА 1 И ТРЕБА СИЛЕН МЕКЛАРЕН...