
Системот на издувните гасови оди нанапред пред да се врати назад кон себе и се насочува кон дифузорот.
Ферари, за разлика од другите водечки тимови ја задржа pushrod задната амортизација. Да се задржи конкурентноста во аеродинамичкиот пакет во однос на другите тимови кои го фаворизираат pullrod систем на амортизација, тие го имаат насочено системот на амортизација кон предниот дел на менувачот, со цел да не се наруши аеродинамичноста на задниот дел на болидот
И на крај може да забележите од каде излегува механизмот за придвижување на задното крило. Ова е хидрауличен систем, кој треба да биде многу моќен, со цел да се отвора задното крило најбрзо што може. Во трка задното крило трпи големо оптеретување со протокот на воздух, а дизајнерите и возачите сакаат отворањето на задното крило да е прашање на милисекунди.
На болидот на Мекларен се уште не е монтиран издувниот систем, но се гледа од каде ќе излегува и како ќе биде обликуван. Сивата боја е топлотна изолација и според не можеме да заклучиме како ќе се движат издувните гасови и каде ќе бидат насочувани. Во потесните кругови на Ф1 се шпекулира дека Мекларен пробуваат да направад нов вид на F-duct систем со помош на каросеријата. Тоа може да биде предмет на тужби од страна на другите тимови, но повеќе околу тоа ќе се знае, по составувањето на комплетниот болид и инспекцијата од страна на ФИА.


