По успешно завршена трка целиот тим прославува!!!
Повеќето од Формула 1 фановите од целокупниот персонал на еден Ф1 тим најчесто ги познаваат само возачите, кои медиумски се најекспонирани. Но, Формула 1 возачот е само еден член на огромен тим кој вработува стотици луѓе. За да се разбере фунционирањето на еден типичен Формула 1 тим мора да се разбере кој за што е задолжен, а во продолжение ги претставуваме некои од поважните улоги:Тимскиот шеф. Природата на шефот зависи од природата на тимот. Некои тимови се во сопственост на производители на автомобили, кои го препуштаат управувањето на тимот на еден од своите врвни вработени. На пример, тимскиот шеф на Ферари е Стефано Доменикали, а одговора на Лука ди Монтеѕемоло, претседателот на Фиат, т.е. матичната компанија на Ферари. Други тимови се во приватна сопственост, а сопствениците се обично основачи на тимот и ги ризикуваа своите финансии за да се добие подготвен болид за натпревар. Кога ризикуваш сопствени пари, тогаш и сопствениците на тимовите се речиси секогаш тимски шефови. Најпознати тимски шефови од овој тип се Френк Вилијамс, сопственикот на Вилијамс Ф1 и до скоро време Питер Заубер, сопственикот на Заубер. Овој тип шефови се во изумирање и поради годините ги напуштаат позициите на тимски шефови. Финансискиот притисок е голем, а за успешен напредок на тимот мора да се бараат нови финасиери и јаки спонзори, па повеќето сопственици на тимови ги продадоа своите акции на големи моќни компании, а најпознат пример за тоа е Рон Денис, поранешен сопственик на Мекларен Ф1 тимот.
Финансиски директор. Во Формула 1 тимот мора ефикасно да се управуваат комерцијалните и техничките аспекти на бизнисот. Финансиски директор привлекува спонзори и склучува договори. Една од неговите главни работни задачи е да се утврди нивото на спонзорство и поставување на логоа на болидот. Главните спонзори плаќаат и повеќе од 50.000.000 евра за привилегијата да ги имаат нивните брендови прикажани на Формула 1 болидот.
Техничкиот директор го обединува тимот на инженери, дизајнери и Research & Development(истражување и развој) научници, кои го конструираат болидот. Во многу погледи, Технички директор е поважен од возачот, бидејќи брз болид е највисокиот приоритет во Формула 1 спортот. Раководителот на Аеродинамика, Главниот Дизајнер и шефот на одделот за истражување и развојот му поднесуваат извештај на технички директор.
Раководителот на Аеродинамика, го надгледува целиот тим на аеродинамичари кои се посветени на тоа да дизајнот на болидот го намалува отпорот на воздухот, но сепак да го создава точниот износ на downforce.
Главниот дизајнер го одредува основниот изгледот на болидот, како и материјалите кои ќе се користат за негова изградба. Некои тимови, како со случајот на Ферари, имаат и по два главни дизајнери, еден за тековната сезона и еден за следната сезона.
Шефот на одделот за истражување и развојот е задолжен за истражување на нови материјали и технологии кои може да донесат предност на неговиот тим во однос на конкуренцијата.
Возачи. Секој Формула 1 тим има двајца возачи. Можеби мислите дека ова создава атмосфера на поддршка и другарство, но тоа не е секогаш случај. Ф1 возачот на патеката треба да ги победи неговите ривали, вклучувајќи го и тимскиот колега. Во одредени тимови, како Ред Бул и Ферари, вториот возач е за да помага на неговиот тимски колега, дозволувајќи му да го претекне, па дури и да победи на трка. Оваа практика, беше многу години забранета, но во пракса тешко се спроведуваше нивната примена. Бидејќи забранетото овошје е секогаш послатко, денес оваа забрана е повлечена и оставено на совеста на тимовите кога и на кој начин ќе се спроведува во пракса. Освен можноста да се справува со политиката на тимот, Ф1 возачот треба да ги инкорпорира во себе сила, издржливоста, менталната будност, брзи рефлекси и желба да се биде најдобар возач во светот.
Tркачкиот менаџер е одговорен за координација и управување со активностите на тркачкиот тим на патеката и надвор. Да врши анализа на податоците од минатите трки и исто така да ги оценува возачите според вештина, физичка и ментална способност или што било друго поврзано со нивната форма која придонесува за успехот за освојувањето на трката. Да дава технички совети и поддршка за подобрувањето на болидот, да соработува со одделот за истражување и развој за да се дијагностицираат критичните проблеми и брзо нивно решавање.
Инженер на трка е член на тимот чија улога е да се комуницира со аналитичарите на податоци, како и со механичарите за да се утврдат промените кои треба да се направат на болидот. Кога нема трка, тркачкиот инженер исто така врши анализа на минатите податоци за да се одреди почетниот сет-ап на болидот за следната трка. Негова улога е и проучувањето на прописите за болидот да остане во рамките на тие прописи. Примарната цел на тркачкиот инженер е да се постигнат најдобри перформанси од болидот, но и од возачот. Денес секој возач си има свој тркачки инженер, за да го координира екипажот на еден болид, група од четворица инженери, секој специјалист во една област, механика, мотор, системи за контрола и електроника, над 20 механичари и возачот.
СЛЕДНО: Ф1 СЕЗОНА И ПОДГОТОВКИ