Меѓународната патека во Шангај е уште една од новата генерација на Ф1 патеки дизајнирана од страна на сеприсутниот Херман Тилке. За разлика од некои други негови креации, патеката има уникален карактер, најзначајни и импресивни се мостовите над стартно целната рамнина. Патеката е дизајнирана да изгледа како Кинеската буква "Shang", што значи високо или над, и исто така има и други карактеристики на традиционалната кинеска архитектура, вклучувајќи ги тука тимските канцеларии кои се поставени на ногарки во езеро.
Таа е мешавина од брзи кривини, долги правци и места на големо оптоварување на кочниците, се бара средно до високо ниво на downforce-от. Престигнувањето е возможно, а најлесно место за тоа е кривината број 13. Никој возач не Победил на повеќе од една трка во Кина. Дождот беше присутен на четири од последните пет Трки, единствено во 2008 година имавме сува трка. Минатата година на првите три места беа болиди со Мерцедес мотори. Комбинацијата на помазна површина на асфалтот и очекуваните пониски температури значи дека деградација на гумите треба да биде помал проблем во Шангај отколку што тоа беше случај во Малезија. Ова треба да им понуди на тимовите малку поголема флексибилност во однос на нивната пит-стоп стратегијата, како и возењето надвор од тркачката линија ќе биде помалку застрашувачко за возачите во потрага по можност да се претекне болидот напред.
ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел ќе остане во аналите на Ред Бул бидејќи овде во 2009 година, ја забечежа првата Победа и Пол Позиција за тимот. Минатата година, исто така, стартуваше од Пол Позиција но заврши само шести. Се соочува со многу важен викенд од статистичка гледна точка, т.е. сите возачи кои имаат постигнато најмалку три победи на почетокот од сезоната го освоиле шампионатот, и тоа се случи осум пати.
• Марк Вебер има само еден пласман на подиумот во Кина, и тоа во историската за Ред Бул, 2009 година, завршувајќи на второто место зад Ветел, донесувајќи прва 1-2 Победа. Минатата година стартуваше од првиот ред, но заврши на осмото место. Вебер годинава не е на рамо до рамо со својот тимски колега, во последните три трки нема пласман на подиумот, додека Ветел има три пласмани.
• Луис Хамилтон во 2007 на Кинеското ГП беше на Пол Позицијата, но се откажа по проблемите на влез во боксовите, следната година забележа хет-трик, а на минатата трка забележа најбрз круг, завршувајќи втор зад неговиот тимски колега. Тој секогаш се квалификувал во топ 10.
• Џенсон Батон ја забележа неговата последна победа во Кина минатата година. Тој беше на подиумот, исто така, во 2009 година со Браун ГП и во 2004 година со Хонда. Тој секогаш ја завршува трката во Шангај, а никогаш се нема квалификувано на првиот стартен ред. Единствен пат кога се квалификувал надвор од Топ 10 во 2008 година.
• Фернандо Алонсо ја освои Пол Позицијата во 2005 и 2006 година и Победи на трката во 2005 година. Тој нема пласман на подиумот во Шангај уште од 2007 година. Тој секогаш стартувал од Топ 10, ги завршил сите трки, не освоил поени само во 2009 година, кога тој стартуваше од првиот ред, но стартуваше со многу малку гориво така што мораше да оди во бокс под безбедносно возило. Шпанецот секогаш ги победувал неговите тимски колеги овде во квалификациите, освен во 2007 година, кога е победен од страна на Луис Хамилтон.
• Фелипе Маса има два пласмани на подиумот во Кина, во 2007 и 2008 година, стартувајќи ја Трката од третата позиција. Никогаш не се квалификувал на првиот стартен ред. Пред две години тој го доживеа својот последен механички дефекти до денес, се откажа од трката поради проблем со електриката кога беше на третото место, откако, стартуваше од 13-тата стартна позиција.
• Михаел Шумахер ја забележа својата последна Победа во Кина пред пет години, а тоа е и неговиот последен пласман на подиумот. Минатата година заврши на 10-то место.
• Нико Розберг во Кина го забележа еден од своите три пласмани на подиумот минатата сезона, воедно тоа се неговите единствени освоени поени во Шангај. Тој се квалификува во Топ 10 во изминатите две сезони.
• Ник Хајдфелд минатата година не учествуваше во Кина. Тој има три добри трки од 2006-2008, секогаш се квалификувал во топ 10 и освојувал поени. Тој е доста брз во квалификациите и тој секогаш ги победувал неговите тимски колеги, вклучувајќи го и Роберт Кубица четири пати.
• Виталиј Петров ги забележа своите први Ф1 поени тука минатата година со седмото место.
• Рубенс Баричело уживаше во "слободна трка" во 2004 година, кога неговиот тимски колега веќе го имаше освоено шампионатот и тој беше во можност да Победи од Пол Позицијата. Тој секогаш го завршувал Кинеското ГП, но, покрај победата, забележал поени само два пати од шест Трки и тоа во 2006 и 2009. Тој ќе го забележи својот 151 последователен старт, и му фалат уште 9 старта да влезе во Топ 3, а тука се Рикардо Патрезе со 187 , Дејвид Култхард со 175, и Алан Прост со 160 последователни старта.
• Пастор Малдонадо има една цел за Кинеското ГП: Да извози 10 круга. Досега оваа сезона се откажува после девет круга во Австралија и осум во Малезија.
• Адријан Сутил не ги завршил своите први три трки во Шангај, а минатата година заврши 10-ти. Во 2009 тој излета од патеката, кога беше на шестото место. Секогаш ги победува неговите тимски колеги во квалификациите.
• Камуи Кобајаши минатата година имаше судир на почетокот на Трката.
• Себастијан Буеми својот најдобар пласман во Кина го забележа во 2009 година го освои 8-то место.
• Хеики Ковалаинен овде забележува поени само во 2009 година, кога беше 5-ти со Мекларен.
• Јарно Трули не завршил четири од шест стартувани Трки. Последен пат ја заврши
• Нараин Картикијан има лоши спомени бидејќи во 2005 година имаше несреќа што предизвика излегување на Безбедносното возило.
• Витантонио Лиуци својот најдобар пламан во Кинаго има во 2007 година со освојувањето на шесттото место со Торо Росо.
• Тимо Глок има две седми места тука, постигнати со Тојота во 2008 и 2009 година.
ТИМОВИ
• Ферари е најдобриот тим со 3 победи во 2004, 2006 и 2007, со старт од Пол Позицијата во 2004 година, но од 2008 година наваму немаат пласман ни на подиумот ни на првиот стартен ред.
• Мекларен победи тука минатата година и во 2008 година. Тоа е единствениот тим кој секогаш освојувал поени во Кина.
• Ред Бул во Кина ја забележа својата прва Пол Позиција и Победа (и тоа 1-2) во 2009 година. Минатата година тие го обезбедија првиот стартен ред, но немаа пласман на подиумот, Ветел и Вебер беа шести и осми.
• Мерцедес ГП минатата година го повторија резултат од 2009 година со Браун ГП, четврта стартна позиција и трето место во трката.
• Лотус-Рено победи тука со Алонсо во 2005 година, а последен пат кога се искачиле на Подиумот во Кина е од наредната година.
• Вилијамс забележува поени овде, од 2004 до 2006 година, но од тогаш немаат освоено поени.
• Форс Индија никогаш не завршил во топ 10 тука, дури и кога се викаа Спајкер, Мидланд и Џордан
• Заубер минатата година имаше трка за заборав, веќе во 8-от круг двата болиди беа надвор од трката. Нивниот последен пласман во поени тука датира од 2008 година.
• Торо Росо најдобриот пласман на Кинеското ГП беше во 2007 година, кога Себастијан Ветел заврши на четвртото место и Лиуци на шестото место.
2011 КИНА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
4/15/2011 05:18:00 PM
0
Tags
Share to other apps