Нико Розберг 5-ти, статистички оваа патека му одговара што и го потврди во пракса, повторно со стратегија со три застанувања во бокс. Ферари како изгубени, никако да ја погодат победничката стратегија, па и денес се држеа до губитничката со две застанувања, шесто и седмо место за возачите на Ферари. Фелипе Маса го престигна Фернандо Алонсо на стартот и успеваше да се движи со темпото на лидерите, но му недостигаше добра стратегија од тимот. Михаел Шумахер на осмото место со старт од 14тата позиција. Последните поени останаа за Виталиј Петров и Камуи Кобајаши.
Најинтересниот период на трката беше откако сите влегувања во бокс завршија, а поредокот беше следен: Ветел, Маса, Розберг, Хамилтон и Батон сите во време од осум секунди. Прво го слушнавме предупредувањето до Розберг од неговите инженери дека нивото на горивото во неговиот болид е критично, по што Хамилтон стапи на сцена и успеа да го добие во шестата кривина. Хамилтон набрзо го стигна и Маса, уште еден лесен плен за него и тргна во потера по Ветел, кој мака мачеше со потрошените гуми, а и не можеше да се слушне со своите инженери поради проблеми со радио врската. Разликата во времињата беше огромна во корист на Британецот, и конечниот епилот не можеше да биде поинаков. Хамилтон во директен дуел го престигна бавниот Ветел и стигна до првата Победа оваа сезона. Колку да биде поинтересен Шампионатот.
Батон не успеа да го повтори темпото на Хамилтон, и наскоро беше под притисок од Вебер кој беше две секунди побрз од било кој друг на патеката. Со свежи и гуми со мека компонента тој лесно го помина Батон во претпоследната кривина, и на крајот заврши само 7,5 секунди зад победникот на трката. Супер трка за Вебер. Џејми Алгуерсуари беше единствениот возач што не ја заврши трката, но не по негова вина, неговото задно десно тркало излета веднаш по извшениот пит-стоп, по се изгледа во сета таа брзина механичарите заборавиле да го затегнат неговото тркало. Добар ден за Лотус, Хеики Ковалаинен го победи Пастор Малдонадо со Вилијамс за 16-тото место. ХРТ по подолго време го забележаа првиот двоен финиш на трка.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА КИНА
ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПАТЕКА ШАНГАЈ, КИНА.
56 круга, 305.066kм,Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1ч36:58.226
2. СЕБАСТИАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ +5.198
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ +7.555
4. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН +10.000
5. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП +13.448
6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ +15.840
7. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ +30.622
8. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП +31.206
9. ВАЛЕРИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО +57.404
10. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР +1:03.273
11. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА +1:08.757
12. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО +1:12.739
13. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС +1:30.189
14. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО +1:30.671
15. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
16. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС + 1 круг
17. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 1 круг
18. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС + 1 круг
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС + 1 круг
20. ЖЕРОМ д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 2 круга
21. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН + 2 круга
22. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ + 2 круга
23. ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: МАРК ВЕБЕР, 1:38.993
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 12
ПОСЛЕ ТРИ ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ 68 1. РЕД БУЛ 105
2. ЛУИС ХАМИЛТОН 47 2. МЕКЛАРЕН 85
3. BЏЕНСОН БАТОН 38 3. ФЕРАРИ 50
4. МАРК ВЕБЕР 37 4. ЛОТУС-РЕНО 32
5. ФЕРНАНДО АЛОНСО 26 5. МЕРЦЕДЕС ГП 16
6. ФЕЛИПЕ МАСА 24 6. ЗАУБЕР 7
7. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ 17 7. ТОРО РОСО 4
8. НИК ХАЈДФЕЛД 15 8. ФОРС ИНДИЈА 4
9. НИКО РОЗБЕРГ 10
10. КАМУИ КОБАЈАШИ 7
11. МИХАЕЛ ШУМАХЕР 6
12. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ 4
13. ПОЛ ДИ РЕСТА 2
14. АДРИАН СУТИЛ 2