
Ветел не е загрижен за иднината на својот тим
"Важно е што сме на врвот или приближно, сите сме блиску тука. Разликата се менува од патека до патека, понекогаш разликите се поголеми, понекогаш сите сме многу поблиску. Во Австралија бевме доста побрзо од другите, следуваше Малезија и беше тешко да се биде на Пол Позицијата. Тоа беа само две недели разлика и ништо се немаше променето на болидите, тоа беше само различна патека."-изјави Ветел.Ветел помина добар дел од утринскиот тренинг со подесувања на болидот спрема спецификациите за Силверстоун, како подготовка за забраната на мапирањето на моторите. Тој се пошегува дека разликата е суштинска, велејќи: "Разликата е пет секунди", а потоа додаде:
"Знам дека сите вие сакате да соберете што повеќе информации, но можам само да кажам дека забраната ќе влијае на сите тимови, но јас не гледам причина ние како тим да сме најголемите губитници од оваа промена. Можеби ќе бидам изненаден, можеби не. Но, од она што го видов денес, не постои ништо од што би се плашеле".
