Валенсија е патека со многу малку престигнувања
На хартија Валенсија изгледа како супер патека. Се добива впечаток дека има долги и широки правци, испрекинати со зони на нагло сопирање и последен сектор со брзи кривини помеѓу бетонски ѕидови. Но, во реалноста се покажа дека правци не се доволно долги, зоните за сопирање не се доволно тешки, а финалниот сектор служи само да се направи разлика во времињата. Како резултат на овие факти, овде се случуваа многу малку претекнувања, а ако ги имаме повеќе оваа година тоа ќе биде исклучиво како резултат на DRS-системот. Како најдобри места за претекнување се кривината број 12 и полукружната кривина 17.ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел е победникот во Валенсија од минатата година. Стартуваше од Пол позицијата и незагрозен од никого стигна до Победата, но во 2009 година имаше дефект на моторот. Тој беше хит во 2008 година, кога тогаш со болидот на Торо Росо постави време од 1:37.842 во квалификациите, што беше рекорд на патеката следните две години. Минатата година исто така во квалификациите ова време беше подобрено на 1:37.587, од кј друг ако не самиот тој, но сега со болидот на Ред Бул.
• Марк Вебер сеуште нема освоено поени во Валенсија, а минатата година имаше застрашувачки судир со Хеики Ковалаинен, кога тестираше дали навистина Ред Бул ти дава крила.
• Луис Хамилтон никогаш не квалификувал надвор од првите три места во Валенсија, и ја завршува трката три пати на второто места.
• Џенсон Батон стигна до подиумот во Валенсија минатата година, и покрај тоа што стартуваше од седмата позиција.
• Фернандо Алонсо никогаш не завршил повисоко од шестото место во Валенсија, освоено со Рено во 2009 година. Тој ќе имаше подобар пласман минатата година, но неговата трка беше уништена од безбедносното возило. Победник е два пати на Европското ГП, во 2005 и 2007 година кога трката се возеше во Нирбургринг.
• Фелипе Маса е Победник на инаугуративната трка во Валенсија, во 2008 година, но ја пропушти трката следната година, закрепнуваше од неговата несреќа во Хунгароринг. Минатата година исто како Алонсо, беше заробен зад безбедносното возило и заврши 11-ти.
• Михаел Шумахер има 6 Победи и 3 Пол Позиции од 13 настапи на Европа ГП, но ниту еден од тие успеси не е во Валенсија. Минатата година на оваа патека го имаше најслабиот пласман во квалификациите, беше 15-ти. На истото место ја заврши и трката, иако тој го имаше второто најбрзо време.
• Нико Розберг редовно освојува поени во Валенсија во последните три години, неговиот најлош резултат е 10-тото место со Мерцедес ГП, минатата година, најдобро 5-тото во 2009 година.
• Ник Хајдфелд никогаш не освоил поени во Валенсија и беше победен од страна на неговиот тимски колега Роберт Кубица две години од кога беа заедно во БМВ Заубер.
• Виталиј Петров заврши како 14-ти минатата година, а трката ја започна како 10-ти. Лани беше дебитант на оваа патека.
• Рубенс Баричело отсекогаш имал добри трки во Валенсија. Во 2009 година тој Победи, стартувајќи од 3-тата позиција со болидот на Браун ГП, а лани беше на одличното 4-то место со болидот на Вилијамс, а стартуваше од 9-тата позиција.
• Адријан Сутил заврши шести во Валенсија минатата година, а стартуваше како 13-ти, и тоа се единствените освоени поени на Европското ГП. Тој никогаш не се квалификувал во најдобрите 10.
• Камуи Кобајаши беше седми минатата година, и имаше трка со невообичаена стратегија. Неговиот пит-стоп беше на само пет круга до крајот, но ги искористи новите гуми и престигна неколку болиди, меѓу кои беше и Ферарито на Алонсо.
• Себастијан Буеми заврши деветти минатата година, но никогаш не квалификувал во најдобрите 10 во Валенсија.
• Џејми Алгуерсуари никогаш не бил блиску до најдобрите 10, ни во квалификациите, ни во трките во Валенсија.
• Хеики Ковалаинен секогаш е победуван од страна на неговиот тимски колега во квалификациите во Валенсија. Тој го освои четвртото место двапати за време на неговиот престој во тимот на Мекларен, а минатата година беше удрен од Вебер, и тоа е единствениот пат кога не освоил поени на Европското ГП.
• Јарно Трули беше 5-ти во 2008 година, но изминатите две сезони не е во близина на најдобрите 10.
• Витантонио Лиуци има само еден настап во Валенсија, минатата година, заврши како 16-ти.
• Тимо Глок најдобриот пласман во Валенсија го има со болидот на Тојота во 2008 година, а следната година го постави најбрзиот круг на трката, но ја заврши на 14-тото место. Тој никогаш не се квалификувал во првите 10.
• Џером д`Амброзио, Пол ди Реста, Пастор Малдонадо, Серџо Перез се дебитанти на оваа патека во Формула 1 шампионатот.
ТИМОВИ
• Ред Бул минатата сезона ги имаше првите Пол Позиција и Победа на оваа патека.
• Мекларен во Валенсија нема Победа, но имаат три втори места со Хамилтон.
• Ферари ќе остане во историјата како прв Победник на Европското ГП што се одржа во Валенсија во 2008 година, благодарение на Маса, но од тогаш немаат Победа, нити пласман на првиот стартен ред.
• Мерцедес ГП минатата година имаше катастрофална трка, освојувајќи само еден поен и со ниту еден болид во првите 10 стартни места.
• Рено има болид во најдобрите 10, во квалификациите и во трката во изминатите две сезони (Алонсо во 2009 година и Кубица минатата година).
• Вилијамс најдобриот резултат во Валенсија го има со 4-тото место на Баричело, минатата година.
• Заубер има пласман на подиумот со Кубица во 2008 година. Тогаш беа на третото место.
• Торо Росо има освоено поени на два од своите три настапи во Валенсија. Шестото место на Ветел во 2008 година е нивни најдобар резултат.

