Фернандо Алонсо не се откажува од борбата за Победа на утрешното Корејско Гран При и покрај денешните разочарувачки (реално гледано Ферари е пласиран кај што му е местото во моментов) квалификации.
Шпанскиот возач се квалификуваше на шестата позиција, а Ферари не беше во можност да одговори на темпото на Мекларен и Ред Бул.
Но, Алонсо, сепак верува дека може да Победи на трката, особено поради високата деградација на гумите.
"Јас не можам да бидам среќен со шеста позиција, но тоа ја рефлектира нашата моменталната ситуација. Мекларен и Ред Бул се посилни од нас, така што нас ни остана да се бориме меѓу себе за петтата и шестата позиција. Тоа беше така денес на квалификациите, но утре ние ќе се бориме за победата."
"Кога деградација на гумите е многу висока, обично ние сме во добра форма, но од друга страна тука ситуацијата не е баш многу јасна, особено однесувањето на супер меките гуми во подолгите стинтови и со полн резервоар. За жал, ќе стартувам од валканата страна на патеката, што треба да биде голема неповолност тука, па се надевам дека нема да бидам поминат од Розберг. Ние ќе треба да внимаваме на она што ќе се случува пред нас и да ја искористиме стратегијата во наша корист. Мислам дека може да се направи добра работа утре на трката".
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.