Кими Антонели обезбеди уште една победа, на трката за Големата Награда на Мајами.
Во настан чиј распоред беше променет поради грмотевици, Италијанецот избегна секаков вид "громови" на патеката за да стигне до највисокото место на подиумот, борејќи се со Ландо Норис, Макс Ферстапен, Чарлс Леклер и останатите.
Трката се возеше во суви услови. Антонели и Ферстапен повторно имаа лоши стартови, како што често се случува, а Леклер ја искористи можноста да го преземе водството по првиот свиок.
Кими дури и излезе од патеката, но остана во игра, додека Макс се изврте, по што ги изгуби сите шанси за победничкиот подиум.
Во битката за првото место, по излегувањето на безбедносното возило, останаа Леклер, Кими и одличниот Ландо Норис со препородениот Мекларен.
Кими Антонели и Мерцедес АМГ имаа нешто екстра денес. Не само поради брзината на Италијанецот, туку и поради одличната стратегија на тимот, што му овозможи да го претекне Ландо Норис и го постави на пат кон третата последователна победа.
Сега Кими има осетна разлика во генералниот пласманот на возачи, 20 поени, во однос на својот тимски колега, Џорџ Расел, кој овој пат успеа да стигне само до четвртото место.
Мекларените го комплетираа подиумот, Ландо заврши втор, а Оскар трет, додека Чарлс Леклер речиси доживеа катастрофа во последниот круг, се изврте и го допре ѕидот.
На крајот, Моначанецот падна од четвртото на шестото место, зад Расел и Макс и пред Луис Хамилтон.
Франко Колапинто имаше одлична трка, возејќи осамена трка, бидејќи имаше многу подобро темпо од остантите во средната на поредокот, но немоќен во однос на водечката група, заврши осми, веднаш пред Карлос Саинц Јр., кој освои два вредни поени за Вилијамс, и Алекс Албон, кој освои еден за десеттото место.
АНТОНЕЛИ ВО НЕЗАПИРЛИВ НАЛЕТ, ТРЕТА ПОБЕДА ПО РЕД
5/03/2026 06:39:00 PM
0
Share to other apps




