Почетокот на 2026 сезоната се покажа како чуден. Откако брзо ги комплетираа зимските тест сесии и првите три трки, тимовите неочекувано добија едномесечна пауза поради откажувањето на трките во Бахреин и Џеда.
Одложување за кое беа целосно неподготвени. Со оглед на тоа што болидите се развиваат по претходно направен план на работа, па тимовите мораше се да забрзаат во склад со ограничениот буџет.
За откажаните трки се подготвуваа нови компоненти, кои требаше да се инсталираат, тестираат, а потоа да се продолжи понатаму. По присилната пауза во календарот, сезоната продолжува со две северноамерикански трки, и тоа со спринт формат.
Како резултат на тоа тимовите добија 30 минути плус на првиот и единствен тренинг во Мајами, но овој дополнителен половина час не може да го надомести губењето на шест часа тренинг сесии на откажаните викенди во Бахреин и Џеда, каде што учесниците во шампионатот планираа да го направат следниот чекор, а потоа да ги донесат следните големи иновации во Барселона.
Некои велат дека 2026 сезоната започнa одново во Мајами, но тоа не е баш вистина. Болидите се веќе изградени, а сите ќе се подобруваат како што напредува сезоната. Сепак, изненадувањата се секогаш можни.
Трката во Мајами секогаш се издвојува во календарот на Формула 1. Тоа е местото кое треба да го замени гламурот на Монте Карло и место за потпишување на многу спонорски договори. Но, трката во Лас Вегас доби статус на милениче кај Либерти медиа.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОТ ОД ТРКАТА ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН И ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН ВО ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИТЕ.
Во 2016 година, извршниот директор Грег Мафеј ги наведе приоритетите, монетизација на дигитални преноси, проширување на календарот и долгорочни договори за домаќин на трки во Мајами и Лас Вегас. Ветено, исполнето.
Мајами е најголемата метрополитенска област во југоисточниот дел на САД и еден од најважните финансиски центри.
Најпрво беше планирано да се одржи трка низ улиците на Мајами, но градските власти не сакаа да помогнат во организација и финансиска подршка. Одлуката за реализација на проектот беше неколку пати одложувана.
Во есента 2019 година, во областа каде што се наоѓа стадионот Хард Рок, се појави нов проект за изградба на патека, независен од градските власти. Сопственикот на стадионот Стивен Рос беше подготвен да ја финансира изградбата и трошоците за одржување на трката.
Но, организаторите веднаш беа тужени, од најразлични организации и граѓани. Во Америка адвокатите заработуваат најмногу во целиот свет! Конфигурацијата на патеката мораше да се промени, ограничена само на територијата на стадионот. Таа повеќе не излегуваше во градот, а времето за одржување на трките беше забрането да се поклопува со локалните настани.
На 18 април 2021 година, Големата Награда на Мајами беше официјално вклучена во календарот за 2022 година.
Договорот беше потпишан за период од десет години, а непосредно пред почетокот на годинешниот тркачки викенд доби продолжување до 2041 година. Формула 1 останува во Мајами уште многу години.
Мајами интернационалниот автодром е слична патека со таа на Алберт Парк во Мелбурн. Патеката е од привремен карактер, а нејзината изградбата започна во летото 2021 година.
Должината на патеката е 5.41 километар, кругот вклучува 19 свиоци, 12 леви и 7 десни. Максималната брзина е над 340 км/ч.
Проектот вклучува три места каде што е можно претекнување, и тоа на влез во 1-от, 11-от и 17-от свиок. Нешто што во пракса се покажа помалку остварливо.
Помеѓу свиоците 13 и 17 има елевациски промени, каде патеката се спушта и се издигнува додека минува низ неколку слепи свиоци, замислени од дизајнерите на патеката како "генератори на грешки".
Важно е да се обезбеди ефикасно забрзување во делниците каде бавните свиоци се претвораат во долги правци. Патеката е замислена да ја фаворизира максималната брзина, бара мало ниво на потисна сила и голема моќност на погонската единица. Сепак, гумите на Пирели може да играа улога во овие поставки.
Оптоварувањето на сопирачките е просечно, три зони на сериозно сопирање кои се поврзани со сегменти со средна брзина, каде што сопирачките имаат време да се изладат.
Како што беше случај минатата година, најбрзата стратегија на трката е со едно застанување во бокс, почнувајќи со жолти и премин на белите гуми помеѓу круговите 22 и 28.
Според Пирели возможно е да се разгледа и опцијата за старт на црвените гуми, а нивната замена со бели се предвидува помеѓу 16 и 22 круг.
Тимовите ќе треба да ја разгледаат големата веројатност за излегување на безбедносно возило, доколку дојде со некој инцидент на патеката и правилно реагирање на истиот.
Дарио Марафуски, Пирели: "Стратегијата со едно запирање во бокс е потврдена како најбрза опција за трката, како што веќе очекувавме пред тркачкиот викенд."
"Избраните смеши за Мајами се покажаа како конзистентни и со ниска деградација. Затоа, продолжувањето на стинтовите за да се направи само едно запирање во боксот не е проблем."
"Спротивно на тоа, стратегијата со две запирање би била побавна за околу 10 секунди во споредба со еден пит-стоп."
"На хартија, решението со жолти-бели гуми, со прозорец за нивна промена помеѓу 22-ри и 28-ми круг, е најбрзо и нуди предност на флексибилност во случај на неутрализации, кои се чести во Мајами."
"Најмеката смеша, црвените гуми би можеле да бидат валидна опција, искористувајќи го нивното поголемо прилепување, кога се користи во комбинација со белите гуми."
"Ако се одбере почетен стинт на C5, запирањето во боксот треба да се направи помеѓу 16-от и 22-от круг."
"Помалку ефикасно во однос на времињата по круг е спарувањето на жолти-црвени гуми, кое би имало прозорец на нивна замена помеѓу 32-от и 38-от круг."
"Очигледно, целиот ден ќе биде под влијание на временската прогноза, што дури може да доведе до влажна трка."
Во Мајами беше жешко и сончево во петокот и саботата, но се очекуваат грмотевици на денот на трката.
Американските закони забрануваат активности на отворено каде што постои ризик од грмотевици. Според законот, секој спортски настан на отворено подлежи на правилото од осум милји.
Ако има појава на грмотевици во радиус од осум милји, настанот веднаш се прекинува и започнува одбројување од 30 минути.
Ако нема грмотевици во рок од половина час, настанот може да продолжи, во спротивно тајмерот се ресетира и одбројувањето од 30 минути започнува одново.
Според официјалниот распоред, возачите требаше да ја започнат трката во 16:00 часот по локално време, но по состанокот помеѓу ФИА и тимовите, беше одлучено стартот да се помести за 13:00 часот (19:00 часот по македонско време).
Метеоролозите очекуваат два брана дожд и грмотевици во недела, од 8:00 до 10:00 часот наутро и од 14:00 до 18:00 часот.
Помеѓу овие бранови, веројатноста за врнежи се проценува на само 30%, што теоретски овозможува трката да се одржи без проблеми.
Стјуардите на Големата награда на Мајами го дисквалификуваа возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, од квалификациите поради непочитување на техничките прописи.
Техничкиот преглед на неговиот РБ22, по квалификациите, откри дека левиот и десниот дел од подот излегуваат 2 мм над дозволените граници, што не е во согласност со барањата од член C3.5.5 од техничките прописи на Формула 1.
Стандардната казна за таков прекршок беше дисквалификација.
Стјуардите му дозволија на Хаџар да ја започне трката, па Французинот ќе се позиционира на 22-та стартна позиција на гридот.
Во тимот на Ред Бул ја искористија шансата за да променат делови од Погонската единица во болидот на Хаџар и затоа тој конечно ќе стартува од пит-линијата.
НАЈАВА НА МАЈАМИ ГРАН ПРИ
5/03/2026 03:39:00 PM
0
Share to other apps








