Yeongam е 68-ма патека во историјата на Формула 1, оваа сезона е само втора трка, па рубриката статистички семафор повторно ќе остане празна. Оваа патека е во фаза на создавање на својата Ф1 статистика. Како прв победник и поставен Најбрз Круг засекогаш во историјата ќе остане запаметен Фернандо Алонсо со Ферари. Првата Пол Позиција ја имаше Себастијан Ветел.
Патеката ја сочинуваат три различни сектори, од кои првиот сектор има долг правец и силна завршна зона на кочење, вториот секторот изобилува со долги, но и остри кривини, а третиот сектор наликува на улична трка меѓу бетонски ѕидови. Престигнувањето е возможно во зоните на силно кочење. Корејското Гранд При е најголемиот спортски настан што се одржува во Јужна Кореја со капацитет од 135.000 места.
Еве некои позначајни статистички податоци за возачите поврзано со оваа патека. Себастијан Фетел од минатото Корејско ГП ги има завршено сите трки, победувајќи 11 пати, 16 пласмани на подиумот. Една година без пласман на подиумот за Фелипе Маса, беше трет во Кореја минатата година. Во последните пет трки Алонсо никогаш не заврши пред Џенсон Батон. Шпанецот имаше 21 поени предност, сега заостанува осум поени.
16 последователни Пол Позиции има Ред Бул. Ако и овде ја освојат Пол позицијата тоа ќе го изедначат вториот најдолг низ, поставен од страна на Мекларен од Германија 1988 до истиот настан следната година.
26 трки без Пол позиција за Луис Хамилтон,
34 последователни трки со Мекларен во поени, 35 последователни трки со Ветел секогаш во топ 10 во квалификациите, 45 трки без Пол позиција за Батон.
51 претекнувања од страна на Марк Вебер оваа сезона. Рекордот во една сезона изнесува 60 (Шумахер во 2003 година и Ники Лауда во 1984 година),
104 трки без Пол позиција или Победа за Нико Розберг,
130 поени разлика помеѓу Ветел и Вебер, што е највисока разлика помеѓу тимски колеги оваа година.
700 трка за Мекларен во Yeongam и 700 претекнување досега оваа сезона во Формула 1.
2011 КОРЕЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
10/14/2011 06:24:00 PM
0
Tags
Share to other apps